ВИЕ ПРАШУВАТЕ:
Креирање на терк за автоматско книжење
Со правилното креирање на теркови за автоматско книжење на калкулациите во програмот Helix имате можност да си ja олеснете и поедноставите секојдневната евиденција на финансиската документација, и тоа со истите теркови за книжење за секоја од фирмите кои ги водите во Helix.
Креирањето на терк за автоматско книжење се повикуваат преку Шифрарници→Теркови за книжење. Креирањето на истите може да се да повика преку Водич за креирање ново конто или Нов. Опциите кои ги нудат се идентични, со разлики поврзани со објаснување на можностите при креирање на терковите.
- Со изборот на Водич за креирање ново конто имаме можност за креирање на терк чии конта ќе го препознаваат бројот на магацинот или приемниот магацин, како и бројот на продавница или приемна продавница со избор на некој од специјалните знаци резервирани за истото.
Пример:
- Доколку пак, креирањето на ново конто во теркот за автоматско книжење се врши преку изборот на копчето Нов(Ins), сите можности за сетирање на контото се на првиот прозор кој се отвара:
Покрај стандардните можности за избор на Должи/Побарува и поставување дали книжењето на контото да биде Обично или Сторно (Збирно или по тарифи каде во аналитика на контото ќе се додава процентот на ДДВ или тарифата на ДДВ), автоматските теркови за книжење нуди можност и за разграничување на книжењето на контата според Видот на производот. Оваа опција нуди можност програмот да го препознава видот на производ во калкулацијата и истиот да го искнижи на соодветното конто (под услов претходно во шифрарникот на производи да е поставен Тип на производ: Трговска стока, Готов производ или Репро материјал за секој од производите) или доколку се работи за услуга истата да биде внесена во шифрарникот на услуги или пак, да се избере можноста се што е материјално добро да се искнижи на зададеното конто со избор на “Се освен услуги”.
Опцијата за избор “Тарифи/Влезови” овозможува со избор на “Тарифи” разграничување на книжењето согласно тарифата на производите (посебно би се книжеле производите со 5%ДДВ, а засебно од нив би се искнижиле оние со 18%ДДВ), додека пак со избор на “Влезови” книжењето ќе се изврши посебно на истото конто за секој производ.
Теркот за книжење исто така овозможува и разграничување на финансовата евиденција на контото по организациони единици со внес на шифрата на ОЕ во соодветното поле. Оваа опција овозможува автоматизација и на евиденција на работењето на секоја од организационите единици во фирмата без дополнително рачно издвојување на книжењата или импровизација со додавање на аналитика на конта и сл. И го овозможува повикувањето на бруто билансот и заклучниот лист само на одредена организациона единица.
Во полињата од 1 до 13 се поставува знакот “+” во она поле кое што сакаме да повлече износ за книжење од калкулацијата, како во примерот што е поставен “Набавен износ без ДДВ”. Во овие полиња постои можност за комбинирање на знакот “+” и знакот “–” доколку тоа е потребно, како на пример доколку на позиција 2. Продажен износ без ДДВ поставите знак “+”, а на позиција 5. Набавен износ без ДДВ поставите знак “-” автоматскиот терк за книжење за книжење на калкулацијата ќе го прокнижи износот на маржата и сл.