Со цел континуирано да го унапредуваме Вашето деловно работење, ја подготвивме најновата Верзија 10.10 на ERP решението HELIX. Оваа надградба е целосно фокусирана на оптимизација на клучните деловни процеси, побрза обработка на големи сетови податоци и уште поголема флексибилност во секојдневните операции.
Новите функционалности и подобрувања се развиени во директен одговор на Вашите барања, со цел да Ви овозможат максимална автоматизација, заштеда на драгоцено време и поефикасно управување со материјалното и финансовото работење.
Само некои од новостите:
-
Подобрено масовно печатење на ИОС: Во финансовата аналитика овозможено е печатење само на селектирани комитенти, со опција за печатење без претходен преглед и дополнителна контрола при подготовка на документите;
-
Пресметка на плата за скратено работно време: Во модулот за Плата додадени се нови можности за прецизна евиденција, автоматска пресметка на фондот на часови и придонеси за вработените со скратено работно време;
-
Експорт на бруто биланс со аналитика во Excel: Податоците од печатениот преглед во финансовото работење сега можат директно да се извезат за понатамошна обработка во Excel;
-
Опција за брзо копирање на калкулација: Во материјално влез е додадена можност за брзо копирање на постоечка влезна калкулација во нова, со автоматски пренос на ставките, нов датум и нов редоследен број;
-
Напредно работење со авансни фактури: Овозможена е одделна евиденција за „наплатено по аванс“ и „износ за наплата“, со автоматска прераспределба на наплатата во книгите и прегледите при поврзување со конечна фактура;
-
Следење на денови на доцнење: Во книгата на должници во материјалното работење е додадена нова колона за денови на доцнење пресметани според датумот на валута;
-
Брз пристап до контен план: Во терковите за книжење е овозможен директен пристап и избор на конто преку брз изборник, без потреба од напуштање на тековната форма;
Сите новини имплементирани во Верзија 10.10 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 10.10

