Врз основа на  член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф донесен на 13.04.2021год., Фондот за иновации и технолошки развој на ден  06.03.2024  година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“ по редовна постапка.

Целиот конкурс на ФИТР можете да го прочитате на следниот линк: Конкурс ФИТР.

Кој може да аплицира?

  • Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;
  • во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:
  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени;

Сите услови можете да ги прочитате на следниот линк: Конкурс ФИТР.

Ви даваме поддршка за дигитализација на работните процеси!

Една од клучните работи за успешен бизнис е интегрирање комплетна контрола на целокупното работење на компанијата и е од витално значење за една нова старт-ап компанија да има стабилно систематско работење од самото основање. Со цел да го поддржиме претприемачкиот дух одлучивме на секоја ново основана компанија да и овозможи специјален попуст на сите софтверски решенија.

Според нашите истражувања имаме единствено софтверско решение на пазарот кој го опфаќа целокупното работење на за компаниите брз разлика на дејноста, од прием на роба, складирање, производство, продажба, продажни анализи и извештаи до сметководствена евиденција и книжење.

Според искуството на нашите комитенти, ова се реални резултати кои можете да ги очекувате уште во првите 3 години:

  • Подобра евиденција на процесите
  • Помалку грешки во работењето
  • Зголемено производство
  • Зголемена продажба
  • Среќни и задоволни комитенти

Одберете стабилен партнер! Сѐ што треба да направите е да го пополните овој краток формулар и веднаш ќе Ве контактираме, за да направиме заеднички план за повикот на ФИТР.