Кажете им збогум на главоболките и конфузијата од следењето на најновите промени во законодавството – нашиот секогаш навреме  ажуриран HELIX е тука  за Вас за  да ги поедностави и рационализира Вашите потреби за усогласеност со законските измени, за да можете да се фокусирате на она што навистина е важно: Водење на Вашиот бизнис со доверба и лесно. Објавена е нова Законска измена:

Законска измена 114 (4.5.2023): Продолжување на рокот за примена на највисоките трговски маржи до 30.6.2023

Во Службен Весник број 91/2023 од 28.04.2023 година објавена е ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, со која до 30. 06.2023 година е продолжен рокот на примена на највисоките трговски маржи за производите содржани во член 1 од одлуката.

Со оваа одлука се продолжува важноста на ограничените маржи на одредени производи од 30.4.2023 се продолжува до 30.6.2023 година.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ СО ОГРАНИЧУВАЧКА ТРГОВСКА МАРЖА

Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се чекира производот дека спаѓа во оваа група на производи со ограничена маржа:

За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.