Нови законски измени? Без грижи! Веќе се имплементирани во HELIX! За Вас! За Вашиот HELIX да функционира најдобро и во согласност со сите нови и стари закони! Три нови законски измени имплементирани во HELIX:

Законска 111 (16.3.2023): Ограничување на маржите кај одредени прехранбени производи (16.3.2023 – 30.4.2023)

Оваа законска измена е врз основа на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на РСМ“, бр.135/22, 137/22, 206/22, 217/22 и 283/2022) е пропишано ограничувањето на трговската маржа во трговијата на големо и трговијата на мало, за 13 групи прехранбени производи. Ограничените маржи ќе се применуваат до 30 АПРИЛ 2023 година.

Законска 112 (16.3.2023): Определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (16.3.2023-31.5.2023)

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 52/23 од 9 март 2023 година, се објавија ДВЕ НОВИ Одлуки за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало со кои Владата на РСМ ги определува највисоките цени во трговијата на мало нa следните производи:

  • неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) и
  • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци.

Највисоките цени на наведените тестенини се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 15%.

Највисоките цени на наведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 10%.

Одредените највисоки цени на производите по двете Одлуки ќе се применуваат од 16 МАРТ до 31 МАЈ 2023 година.

Законска 113 (1.4.2023): Определување на највисоки цени за одделни производи за хигиена во трговијата на мало (01.4.2023 – 31.5.2023)

Оваа законска измена е врз основа на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник број: 70/2023 од 29.03.2023 година);

Со оваа Одлука се определуваат највисоките цени за одделни производи во трговија за мало и тоа: тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки.

Највисоките цени на горенаведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применуваат на 20 март 2023 година, во трговија на мало кои цени се намалуваат за 13%.

Највисоките цени на производите ќе се применуваат до 31 март 2023 година.

За повеќе детали околу овие Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.