Трета законска имплементирана во Вашиот HELIX во рок од 4 дена! HELIX во моментов е единствена сигурна гаранција на пазарот дека секогаш ќе работите согласно сите законски нормативи, денеска ја имплементиравме и новата законска измена:

Законска 110 (23.02.2023): Измена на благајнички максимум во Благајна

Оваа законска измена се заснова на измените на Закон за платежни услуги и платни системи (Службен весник број: 90/2022).

Согласно овој закон следува:

  • Плаќањето на производи и услуги во готово од страна на правните лица
    • не може поединечно да биде повеќе од 6.000 денари, и
    • не може да надмине вкупен износ од 60.000 денари во текот на календарскиот месец.
  •  Се воведува обврска за осигурување на благајничкиот максимум за износ над 20.000 денари.

Во HELIX во Фирма->Балагајна во Содржина на Благајнички Дневник при внесување на нова Каса Исплати ако вкупниот износ на плаќања за календарскиот месец надминува 60 000 денари се јавува следната порака:

Оваа порака е од информативен карактер и не предизвикува никакви забрани во тековното работење.

Дополнително во HELIX во Фирма->Балагајна во Содржина на Благајнички Дневник при тековно работење се појави салдо помеѓу каса исплати  и каса прими кое е поголемо од 20 000 денари се појавува следната порака:

И оваа порака е од информативен карактер и служи да Ве потсети на Вашата законска обврска за осигурување на благајничкиот максимум за износ над 20.000 денари

За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.