Почитувани дами и господа,

Ни претставува голема чест да Ве поканиме на нов одличен вебинар. Овој настан е супер прилика каде ќе добиете квалитетни информации и практични совети кои ќе Ви помогнат како успешно да управувате со човечките ресурси во Вашата компанија.

Вработените се најважниот ресурс во секоја компанија. Токму затоа, правилната стратегија за успешно управување и личен и професионален развој на кадарот е есенцијален за секоја успешна компанија.

На настанот ќе зборуваме за тоа кои се новите трендови и предвидувања во поглед на човечките ресурси. Ќе се осврнеме на тоа како правилно да се грижите за вработените и како менаџирањето со човечките ресурси можете софтверски да го раководите.

Имаме одлични говорници со големо искуство на темата – Гоце Џуровски и Марјан Анѓеловски.

Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 20 години искуство во координација на разни проекти. Учествуваше во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитализација на бизнис сектор.

Марјан Анѓеловски е маркетинг и продажен специјалист со искуство во повеќе компании. Како тим лидер има учествувано во развојот на стратегиите за продажба во неколку компании. Негова специјалност е контент маркетинг и директна продажба. Автор е на 7 книги, 4 театарски претстави и е сценарист во неколку телевизиски емисии. Неговите креативни идеи нудат нова естетика и енергија во маркетингот и продажбата.

Настанот ќе се одржи преку платформа ZOOM во среда, 08.02.2023, со почеток од 19:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме. Резервирајте го Вашето место.

АГЕНДА

19:00 – 19:20

Нови трендови во управувањето со човечките ресурси

19:20 – 19:40

Како правилно да се грижите за Вашите вработени?

19:40 – 20:00

Софтверско управување со човечките ресурси

20:00 – 20:20

Завршна дискусија

Ве очекуваме на овој одличен едукативен настан! Резервирајте го Вашето место! Регистрирајте се!

Срдечен поздрав,
Тимот на Зонел Софтвер