Секојдневно имате многу приемни документи за внесување? Секојдневни набавки, или неколку месечни, но со голем број производи? Големи увозни фактури?

Знам сигурно дека трошите многу време на нивно препишување и внес во некое софтверско решение! Многу време, ангажман, ресурси и неизбежно често мора да има грешки! Иако можеби постои автоматско ажурирање и книжење во Вашиот софтвер, сепак внесот нема никакви шанси да се замени или автоматизира.

Но, ДАЛИ е навистина така?

Конечно крај за ваквата некреативна активност, а без која не е можно Вашето работење!

Како круна на нашето 30 годишно работење, креиравме опција која е далеку над конкуренцијата и на домашниот и на глобалниот пазар! Крајно флексибилна, со екстремно практичен и лесен пристап за користење! Тоа е ZONEL Scan модулот за оптичко препознавање на фактури од хартија или од pdf датотека и нивно автоматско копирање во влезен документ. Само со неколку клика!

Спој на Вашите потреби за огромна заштеда во време и ресурси и примена на најнапредни алгоритми од вештачката интелигенција!

Зошто ZONEL Scan е задолжителен и незаменлив за Вашиот бизнис, во однос на некои слични решенија на пазарот? Погледнете ги резултатите од нашата анализа:

Со едноставно скенирање или вчитување на pdf документ и со еден клик добивате комплетна, ново креирана калкулација, со автоматски ажурирани финансиски пресметки, лагер листа, материјални картици, комерцијални извештаи, дури и автоматски прокнижена во финансово.

Измислено и незаменливо решение за Продавници, Маркети, Магацини со големи домашни или увозни документи, Книговодствени бироа за водење на голем број малопродажни објекти и продавници!

Не пропуштајте да погледнете како работи оваа опција која дефинитивно ќе ја „избрише“ последната Ваша рачна активност и конечно ќе Ви донесе максимум слободно време, многу повеќе време за анализа и планирање, а и многу повеќе непроценливо време со Вашите најблиски!

Преземете бесплатна демо верзија!

Одберете го решението на иднината!

Денес сметководството е бизнис кој старее. Премногу работа за малку пари воопшто не звучи привлечно. Особено за помладите генерации.

Токму затоа денес има се помалку млади кои се одлучуваат за професијата сметководител. Оттаму логично е прашањето:

Дали сметководството е профитабилен бизнис? Одговорно тврдиме ДА! Тоа го знаеме од нашите пријатели и корисници сметководители. Креиравме систем, кој е базиран на елиминирање на сите слабости кои го успоруваат работењето на сметководителите.

Одговорно тврдиме дека за рок од една година можете да го дуплирате приходот, да водите двојно повеќе фирми за двојно помалку време и да бидете среќни и задоволни од сработеното.

Одберете решение за модерни сметководители кои го ценат сопственото време. Од автоматско книжење, автоматска завршна пресметка, супер моќен модул за  брз внес на фактури со скенирање, до повеќе слободно време и зголемени приходи.

Не дозволувајте стравот од промени да го држи Вашиот бизнис во стагнација! Ви подаваме рака! Тука сме за заедно да креираме план за сигурен и стабилен раст!

Закажете консултативен разговор веднаш!!!