Драги комитенти и пријатели,

Од мое лично име и од името на тимот на ЗОНЕЛ СОФТВЕР, Ви ја честитам  Новата 2023 Година.

Радосен сум што оставаме зад нас уште една супер успешна година и полека но сигурно влегуваме во нова година каде не очекуваат многу  предизвици и можности на приватен и деловен план.

Годината која измина беше со посебно значење за нас. Прославивме јубилеј 30 години постење! 30 години Ваша лојалност и заедничко растење, за што неизмерно сум Ви благодарен. Јубилејот беше можност да прославиме за успехот, но и да направиме рекапитулар на досегашното работење со фокус на развој и унапредување на нови одлични можности.

Реализиравме организациски тим билдинг во Крушево, каде темелно ги разгледавме сите предности и слабости, и каде поставивме одлични темели за развој на Вашиот HELIX во блиска иднина. А не очекува одлична иднина. Можности кои значително ќе го подобрат Вашето работење, но и целокупната услуга и поддршка која ја добивате од наша страна.

Оваа година ставивме значителен фокус и на едукацијата и обуките на нашите корисници. Организиравме за Вас неколку вебинари, каде пренесовме дел од нашето знаење, со цел да се унапреди Вашето работење и да го извлечете максимумот од Вашиот HELIX. Во годината која доаѓа, овие вебинари ќе бидат почести, каде ќе обработиме многу повеќе теми од Ваш интерес.

Изминатава година имаше вкупно 6 законски измени, кои секако беа имплементирани. HELIX останува единствено софтверско решение на пазарот со ефикасен систем за имплементација на законските измени со цел секогаш да работите согласно сите законски нормативи.

Беа објавени и 3 нови програмски верзии каде креиравме повеќе одлични можности со кои верувам дека значително ќе се унапреди Вашето работење. И секако, креиравме нова одлична можност за скенирање на фактури. Со оваа нова супер опција ќе можете да внесувате обемен број на фактури за досега рекордно време.

Во новата година продолжуваме со засилено темпо. Со одличен тим, фокусиран на успех, сигурен сум дека ќе бидете супер задоволни од она што Ви го подготвуваме. Не очекуваат многу убави работи. Искрено верувам дека ова ќе биде најубавата година досега. Ви посакувам среќна Нова година. Многу успех, здравје и среќа за Вас и Вашите најблиски.

Срдечно,

Зоран Настевски,
Управител