Како општествено одговорна компанија, овозможуваме поддршка и помош за средните училишта, факултетите и останатите образовни институции или приватни едукативни центри. Бидејќи образованието е фундамент за успешна економија, добра бизнис клима и развој на државата, насочени сме кон силна поддршка во образованието.

Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој, ги зема во предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие

Нашата програма за поддршка на образовните институции овозможува донација на софтверски решенија за материјално, финансово, малопродажно, ресторанско и хотелско работење, во зависност од потребите на образовната институција. Покрај бесплатните софтверски решенија, образовните институции од наша страна добиваат и целосна корисничка и техничка поддршка, консултации, обуки, отстранување на проблеми, како и имплементација на законски измени и надградби на најнова верзија на софтверскиот систем.

Би сакала од срце да Ви се заблагодарам за Вашата безрезервна поддршка и професионалност која ни ја пруживте со користењето на програмот HELIX-Хотелско работење. Благодарение на Вас, нашите ученици од блиску и реално го запознаа хотелското работење и кое понатаму ќе може да го применуваат во пракса. Едно големо благодарам од мене како професор во СОУ “Таки Даскало” – Битола што со Вашата помош и дарежливост ми помогнавте за краток период да им го доловам на учениците она што преку теорија го совладуваа во текот на школската година. Професионалноста на секој вработен во ЗОНЕЛ СОФТВЕР е на највисоко ниво. Би сакала да Ви посакам многу, многу успех и уште многу години соработка.

Наташа Петровска - професор на хотелско-угостителска струка

СОУ "Таки Даскало" - Битола

Нашата програма за поддршка во образованието им овозможува на студентите и ученците да се запознаат со практична работа со софтверските решенија.  Оваа поддршка значително ќе им помогне во нивниот професионален развој и кариера. На професорите им овозможува одлична алатка со која на најдобар начин можат практично да им ги покажат на учениците и студентите сите процеси на функционирање на една компанија.

Сите образовни институции кои сакаат да ја искористат нашата програма за поддршка во образованието, може да аплицираат со пополнување формуларот: Едукативен партнер.