Пред нас е уште една одлична приказна за сметководствена компанија која бележи одлични деловни резултати. Одвојте неколку минути за сведоштвото на ГМ Консалтинг, компанија која воведува нови стандарди во сметководственото работење:

Неколку генерации преточени во заеднички успех

ГM Консалтинг е сметководствено биро во чија работа се вклучени неколку генерации од потесното семејство. Пред 20 години мојата мајка беше онаа која ме воведе во сметководството како занает, потоа сама работев долго време и сега за моја голема среќа и задоволство, мојата внука додека сеуште студира истовремено работи во нашата компанија“ – вели управителот на компанијата, Маја Петреска

Долгогодишна соработка – заеднички успех

Нашата мисија е да оствариме  долгогодишна соработка со успешни домашни компании од различни бранши.

Оптимистично сме насочени и кон проширување на бизнисот надвор од границите на Македонија со понуда на сметководствени и консалтинг услуги во повеќе земји во Европа.

Прецизно сметководство за подобар менаџмент

Квалитетни сметководствени услуги и консалтинг можат во огромна мера да го подобрат менаџментот на клиентот, да ја подобрат финансиската состојба преку анализи и финансиски совети, базирани на ажурна и прецизна сметководствена евиденција.

План за развој

Нашите планови се да го зголемиме бројот на клиенти во земјата и надвор, истовремено со зголемување на бројот на вработени и со нови локации.

Нашето искуство со Helix

Работам со ЗОНЕЛ  Софтвер скоро 20 години. Не се сеќавам како дознав за софтверот, ама знам дека од првиот момент кога започнав да работам со Helix, па се до сега, имаме прекрасна соработка и комуникација.

HELIX е современа и напредна програма за сметководство, која постојано се надградува и ги задоволува сите наши потреби и воедно и потребите на нашите клиенти.

Наши 5 златни правила за успех!

  1. Напорна работа
  2. Упорност – истрајност
  3. Доверливост
  4. Комуникација
  5. Постојано учење