Оваа опција значително го олеснува работењето на правниот субјект во релација со исполнување на обврските со пренос на фактурите кон своето сметководтство и vice versa.
Со неколку клика, корисникот има можност да ги експортира сите внесени фактури од материјалното и малопродажното работење во посебен фајл. По експортот на фајлот, истиот може електронски да го испрати до своите сметководители. По превземањето на фајлот, преку опцијата импорт, сметководителите имаат можност да ги импортираат сите материјални/малопродажни фактури. Со неколку клика, го избегнуваат повторното внесување на многубројните фактури. Максимална заштеда на време нели?
По импортирањето на фактурите, сѐ што следи како чекор е селектирање на импортираните фактури и масовно доделување на терк и налог, како и масовно прекнижување на истите.
Со тоа сѐ завршува целокупниот процес на книжење на неделните/месечните фактури од корисникот.
Исто така, голем број од нашите корисници кои работат материјално работење, поради недоволно време, имаат потреба пр. увозните калкулации да ги превземат обработени од нивното сметководство. Со овој модул, корисниците можат да ги превземат обработените калкулации и од сметководството – во нивната евиденција.
Како изгледа модулот?
На сликата во продолжение имате можност да ја забележите едноставноста на модулот.

Сѐ што е потребно е: сетирање на тоа дали сакате да експортирате/импортирате производи, коминтенти, Материјално работење (влезни, излезни, услужни фактури) или малопродажба.
Дополнително, имате можност да изберете дали ви е потребно да се експортираат шифри на производи/коминтенти, калкулации со селекција, согласно датум или сите.