Тимот на Зонел Софтвер и во услови на криза посветено работи на развој на Helix како би ги следиле Вашите потреби и развојот на Вашиот бизнис. Продолжуваме со развој како би го олесниле Вашето работење.  Објавуваме вонредна верзија која ќе го олесни Вашето прилагодување на новата повластена даночна стапка од 10% во ресторанското работење.

Верзијата 7.11 ја содржи следнaта опција:

  • Нова опција во Шифрарник на производи -> Специјални опции -> “Масовна промена на тарифа”. Со клик на опцијата се појавува  можност за избор за промена на тарифа, тарифа2 или промена на двете тарифи со внесената тарифа, само на селектираните производи.

Оваа опција е воведена поради воведувањето на новата повластена даночна стапка од 10% во ресторанското работење. Воведувањето на оваа опција е со цел на полесно масовно менување на постојните даночни тарифи на сите селектирани производи кај корисниците. Ова е со цел да Ви ја олесниме и забрзаме промената на даночната тарифа согласно новите законски промени.

За сите новитети и подобрувања на HELIX можете повеќе да прочитате на следниот линк:  Верзии на HELIX