Сигурноста на Вашиот бизнис е мотив за наша посветена работа на имплементација на сите законски измени. Helix останува единствена гаранција на пазарот дека во секое време ќе работите согласно сите законски нормативи. Нема грижи, нема страв од инспекции. Нова законска измена имплементирана во Helix:

Законска 95 (11.11. 2020): Финансиска поддршка за плати за 10,11 и 12 месец 2020 година поради кризата од Covid19

Оваа Законска измена е имплементирана согласно на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ во износ од најмногу до 21.776 денари месечно по работник, утврден согласно работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое работникот остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот, кој износ не може да биде повисок од платата на работникот која ја исплаќа работодавачот за месецот за кој бара финансиска поддршка.

За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.
Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП/2), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5001.

Работодавачот кој истовремено може да користи друга мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или данок на личен доход во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира (користи истовремено) со шифрата 5001 во полето 3.4б.

За вработените кои ги исполнуваат условите за финансиска помош согласно Уредбата со законска сила во Helix во Плата во Матични податоци за вработени, со избор на копчето за Промена/Преглед, се избира вториот таб Податоци за вработување и таму се селектира Да кај опцијата Фин.поддршка за 10,11,12/2020.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.