ДАЛИ ЈА ЗНАЕТЕ МОЖНОСТА:

Пресметка на плата од НЕТО

Модулот за пресметка на плата од НЕТО овозможува формирање на плата каде основната плата, минатиот труд, додатоците за работна успешност и распоред на работно време се изразуваат како дефинирани износи или проценти од основната НЕТО плата.

Боледувањата и годишниот одмор исто така се пресметуваат како просек од исплатената НЕТО плата од изминати (во моментов според законската легислатива е 12) месеци.

Со надоградба на овој модул за секој правен субјект засебно се дефинира начин на пресметка од бруто или од нето, што потоа е претпоставена вредност за секој вработен, но системот овозможува вид на пресметка да се дефинира и за секој вработен засебно.

При изготвување на пресметката за плата од нето, првично ја дефинираме основната нето плата. Системот, согласно годините стаж пресметува минат труд на основа на внесената нето плата.

Износите кои се прикажуваат во дефинираните ставки, вклучително и износот кај ставката за редовно работење се прикажани со нивните нето износи.  Како што може да се види и во приложениот пример на сликата подолу, сите износи на ставките се изразени како износи или проценти во нето.

Износ со минат труд:

30.000 + 10 × 0,5% × 30.000 = 30.000 + 1.500 = 31.500

Редовно работење: 

  
Прекувремена работа:     

 

Празник:


По одлука (награда):       3.000           

Вкупно нето (за исплата):     30.068+2.685+3.580+3.000=39.333

Системот подготвува коректна пресметка на основицата за пресметка на придонеси, придонесите (и евентуалните доплати) како и данокот на личен доход, независно од тоа дали лицето било цел месец на работа кај работодавач, имало боледување на товар на ФЗО или дел од месецот не било на работа кај тој работодавач според агенцијата за вработување.

Основица за пресметка на придонеси: 59.429

Вкупни придонеси:  59.429 × (18,8% + 7,5% + 1,2% + 0,5%) = 59.429 × 28% = 16.640

Данок на личен доход: (59.429 – 16.640 – 8.228) × 10% = 3.456

Нето износ: 59.429 – 16.640 – 3.456 = 39.333