Уште една одлична приказна за македонска компанија која бележи одлични деловни резултати. Успехот секогаш започнува со инспирација.  

Митковски Три Д е компанија застапник на светски познатиот бренд „ASICS“, која преку мотото „здраво тело здрав дух“ и редовна физичка активност, значително помага во креирање на здрава нација.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

Почеток со голема желба и ентузијазам

Нашата компанија е релативно млада. Почетоците се пред скоро 2 години. Од втората половина на 2019 година со голема желба и голем ентузијазам склучуваме договор со кој стануваме ексклузивни дистрибутери за светски познатиот бренд „ASICS“.  

Anima Sana In Corpore Sano

Нашата мисија е да го спроведеме во дело мотото на брендот „ASICS“ кое гласи „Anima Sana In Corpore Sano”- Во здраво тело здрав дух. Преку редовна физичка активност да направиме здрава нација.

Загарантиран комфор

За патиките од брендот ASICS обично велат, кога еднаш ќе ги пробате, на друга патика нема ни да помислите. Било тоа да се патики за трчање или за пешачење, за долги или кратки патеки комфорот е загарантиран и вонсериски.

asics

Наши идни планови

Ова е фамилијарен бизнис во кој сме 3-ца браќа, се разбира со огромна поддршка од нашите родители. Ентузијазмот кај сите нас е огромен. Нашите планови за во иднина се големи. Нашата цел е да ја покриеме целата територија на Република Македонија и да го претставиме брендот во најдобро светло.

За Зонел Софтвер

За Зонел Софтвер знаеме многу одамна поради тоа што нашите родители се сметководители. На препорака на нашиот татко се одлучивме „HELIX“ софтверот да го користиме и во нашата фирма.

Нашето искуство со HELIX

Од досегашното кратко работење со HELIX искуството е позитивно. Системот е добро осмислен и едноставен за користење.

Нашиот рецепт за успех

Според нас рецептот за успех е едноставен. И тогаш кога е најтешко и кога мислиш дека нема излез, никогаш не се откажувај.

Наши 5 златни правила за успех!

  1. Ред
  2. Работа
  3. Дисциплина
  4. Посветеност
  5. Несебичност