Остануваме посветени на сигурноста на Вашиот бизнис. Helix е гаранција дека секогаш ќе работите согласно сите законски нормативи. Никогаш повеќе страв од законски измени. Никогаш повеќе страв од инспекции.

Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 94 (22.06. 2020): Купувам домашно – Финансиска поддршка на граѓани

Оваа законска измена е воведена согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Согласно со оваа Уредба Домашната платежна картичка може да се користи за купување на Македонски производи. Согласно Уредбата – „Македонски производи“ се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун.

Во HELIX сите производи кои спаѓаат во Македонски производи согласно на дефиницијата во Уредбата се означуваат во Шифрарникот на производи во промена или внесување на нов производ со означување на ДА во полето Купувај Домашно:

При продажба во Малопродажба  во Каса, кога продавате Македонски производи го селектирате полето Купувај Домашно, со што видливи ќе бидат само производите што одговараат на критериумот за Македонски производи.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.