Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер ги следи сите законски измени  кои се поврзани со работењето во HELIX и веднаш истите ги имплементира во софтверот. Со цел Вашиот бизнис да функционира нормално  и во услови на криза и вонредна состојба посветено работиме  без прекини и застој и се грижиме секогаш да Ви овозможиме да работите согласно сите законски промени.

Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 93: Финансиска поддршка за плати за 04 и 05 месец поради кризата од Covid19

Оваа Законска измена е имплементирана согласно  Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на  РСМ“, бр. 111/2020, од 28.04.2020 година).

Согласно Уредбата со законска сила предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое работникот остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот.

Согласно оваа Уредба со законска сила:

  • Работодавачот со комплетното Барање од членот 3 став (2) на оваа Уредба со законска сила, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5000.
  • Работодавачот кој истовремено може да користи друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси и/или данок на доход во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира (користи истовремено) со шифрата 5000.

За вработените кои ги исполнуваат условите за финансиска помош согласно Уредбата со законска сила во Helix во Плата во Матични податоци за вработени, со избор на копчето за Промена/Преглед, се избира вториот таб Податоци за вработување и таму се селектира Да кај опцијата Субв. За криза поради Covid19.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.