Согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 82/2020) Ве известуваме дека за време на траењето на вонредната состојба, фактурите и другите документи од членот 53 став 2 од Законот за данокот на додадена вредност ќе ги издаваме во електронска форма (како електронски фактури) и тоа во pdf формат.

Електронска фактура во смисла на оваа Уредба претставува фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи согласно со член 53 став (10) од Законот за данокот на додадена вредност и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

Фактурите ќе бидат поставувани на нашиот Тикет систем. Во овој Тикет систем можете да ги погледнете и преземете во секое време  сите фактури кои се издадени спрема Вашата компанија од страна на ЗОНЕЛ Софтвер.

Доколку не сте согласни да ги примате нашите фактури по електронски пат, Ве молиме во рок од 10 дена од приемот на ова Известување да не известите за Вашата одлука (преку електронска пошта, електронска порака или на друг начин).

Ве известуваме дека од нашата исправна (уредна) фактура согласно со член 2 став 5 од Уредбата имате право на одбивка на претходниот данок (како и право на поделба на претходните даноци согласно со членот 36 од Законот за данокот на додадена вредност и право на исправка на одбивката на претходниот данок согласно со членот 37 од Законот за ДДВ).

Напомена: Според член 2 став 4 од Уредбата, ако по истекот на 10 дена од применото известување, не ја одбиете оваа форма на достава, ќе се смета дека сте согласни доставата на фактури да се врши по електронски пат.

Известувањата ги примаме на следната адреса: komunikacija@zonel.com.mk