fbpx

Почитувани,

Ве информираме дека, од утре 24.03.2020, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со Ковид-19, Зонел Софтвер воведува мерки за заштита на клиентите и вработените во Компанијата. Имајќи ги во предвид препораките на надлежните органи, Зонел Софтвер ќе продолжи да работи со полн интензитет, но со работа од дома. Во таа насока, грижата за работата на нашите клиенти останува наш најважен приоритет, но во малку изменети услови.

Доколку имате потреба од било каква корисничка поддршка Ви стоиме максимално на располагање по следниов приоритет:

  • Главниот капацитет ќе биде насочен кон прием и одговор на Вашите барања на тикет системот. Во таа насока Ви препорачуваме максимално да го користите тикет системот како би добиле најбрз одговор.
  • Исто така, достапни за одговори и поддршка сме и на мејлот komunikacija@zonel.com.mk, како втор приоритет.
  • Телефонската поддршка на броевите 02/2401-204, 2401-205  и  2402-274 ќе биде со намален интензитет и ќе се користи само во итни случаеви.

Со цел чување на Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски, Ве повикуваме да се придржувате до мерките на надлежните институции.

Со почит,

Тимот на Зонел Софтвер