Тимот на Зонел Софтвер постојано ги следи барањата и потребите на корисниците и континуирано работиме на развој на Helix со цел да програмот го следи развојот на компаниите на нашите корисници и со тоа нашите корисници знаат секогаш дека имаат стабилен партнер кој ќе ги следи во нивниот развој. На 24.02.2020 е објавена најновата верзија на Helix – верзија 6.40. Во новата верзија се имплементирани многу новитети и подобрувања на Helix.

Меѓу другото Верзијата 6.40 ги содржи следниве новости:

Нов извештај од плата кој  ги содржи датумите на пријава и одјава на вработените, Нов метод за пресметка на боледување без саатнини од минати месеци туку само со просек од бруто основици, опција за пресметка по втора амортизациона група (амортизациона група 2, набавна вредност, отпис од минати години), производство по турнуси(парцели), опција за масовна наплата во материјално со подкомитенти за одреден коминтент, Направено можност за поврзување на повратници (или сторно документи) со фактури и тоа на ниво на ставка, При превземање вработени во ПДД-ГИ, да има можност за избор на Организациона единица ….

За сите новитети и подобрувања можете повеќе да прочитате на следниот линк:  Верзија 6.40