Успехот секогаш започнува со инспирација. Во периодот кој следува ќе имате можност да прочитате серија приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix кои не себично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех.

Продолжуваме со Сторм ИЦТ – компанија која преку своите ИТ решенија им помага на своите клиенти за консолидација и поедноставување на работните процеси.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

За почетоците

Сторм ИЦТ ДОО Скопје е ИТ компанија основана во 2019, со 75% хрватски капитал и 25% домашен. Членка на големата ИТ групација од Хрватска СТОРМ ГРУПА.

Нашата мисија

Нашата мисија е дигитализација на јавниот и приватниот сектор во Македонија по теркот на Хрватска.

Услуги за подобрување на работата на клиентите!

Ние нудиме интегрирани ИТ решенија за консолидација и поедноставување на работните процеси, најчесто составени од повеќе производители, без да бидеме зависни од конкретни производители.

Наши идни планови

Нашите планови за иднина се проширување на тимот и зацврстување на брендот Сторм во Македонија.StormICTЗа Зонел Софтвер

За Зонел  Софтвер дознавме преку интернет истражување на пазар

Нашето искуство со Helix

Со тимот на Зонел, никогаш не сме имале отворени прашања кои не сме ги решиле заедно.

Нашиот рецепт за успех

Решавање на проблеми на пазарот, а не пласман на конкретни производи.

Наши  златни правила за успех!

Ова се нашите  златни правила за успех:

-Насоченост кон нови знаења и цели,

-развој на тим

-мрежа од партнери.