Успехот секогаш започнува со инспирација. Продолжуваме со серијата приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix, кои не себично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех.

Фејкан Аконтинг е компанија која веќе 22 години со своите книговодствени услуги и навремени информации помага на голем број македонски компании да бидат поефикасни и поуспешни во својата работа.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

За почетоците

Нашата компанија започна со дејност во 1997 година со Кадри Исени како основач и управител. Секој почеток е тежок, но како одминуваше времето со напредокот на техниката и технологијата почна да се чувствува олеснување во однос на работата.

Нашата мисија

Нашата мисија е да овозможиме добар квалитет на нашата услуга и навремено информирање на нашите клиенти со потребните информации, како би им помогнале со нашата поддршка да бидат поефикасни и поуспешни во својата работа.

fejkan

Книговодствени услуги за успех во Вашиот бизнис!

Нашата услуга е водење на книговодствени услуги согласно прописите и законите на Р.С.Македонија. Нашата услуга им помага на  клиенти да имаат точна и стручна евиденција, како и податоци кои им помагаат навремено да ги координираат своите планови во бизнисот.

Наши идни планови

Нашите идни планови се да го задржиме овој ритам и ефикасност на работата, со што нашите клиенти би биле уште позадоволни од нашата услуга.

За Зонел Софтвер

За Зонел Софтвер дознавме од наши колеги сметководители кои го имаат користено програмот.

Нашето искуство со Helix

Helix го користиме од 2004 година. Претходно користевме програма во ДОС верзија кој беше многу мануелен и немаше никакви помошни опции кои би ја олесниле нашата професија. Но откога почнавме да го користиме Helix почувствуваме олеснување во нашите работни обврски и можност побрзо и поефикасно да ги извршуваме нашите задачи кон клиентите.

Нашиот рецепт за успех

Рецептот за успех е многу јасен, за да се покажат сериозни и успешни резултати, едноставно треба да се работи.

Наши 5 златни правила за успех!

Информација на време.

Работа без работно време.

Секогаш во располагање за клиентите.

Прецизност во работата.

Современи хардверски и софтверски решенија која ја олеснуваат работата.