Следењето на законските регулативи и нивна имплементација во Helix е една од обврските на Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер. Со ЗОНЕЛ Софтвер сте сигурни дека Вашиот програм е секогаш навремено усогласен со најновите законски измени.

Во Helix е имплементирана нова законска измена согласно последните промени на Законската легислатива:

Законска 85 (01.07.2019): Пресметка на плата за лица на практикантска работа 

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.247 од 31.12.2018 година, кој се применува од 01.07.2019 година воведена е нова категорија на обврзник за плаќање на придонеси лице на практикантска работа кај работодавач, односно кај правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кој вработува работници врз основа на договор за вработување.

Постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа, се дефинирани во Законот за практиканство („Службен весник на РСМ”, бр.98/2019 година).

Промената во Helix се наоѓа во  Матични податоци за вработени во јазичето Податоци за вработување ако се работи за практикант се штиклира Да кај делот за Практикант:

При подготовка на МПИН во Пресметка на плата во менито Подготовка на МПИН се користат соодветните опции Практиканти и Корекција за Практиканти за подготовка на фајл за МПИН за практиканти: 

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.