Со Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер сте сигурни дека Вашиот програм е секогаш усогласен со најновите законски измени.

Ние од ЗОНЕЛ Софтвер континуирано ги следиме најновите законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истите ги имплементираме во HELIX.

Имплементирана е нова Законска измена согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 84 (01.06.2019): Ограничување на износ на фискална сметка до 30000 ден. за плаќање во готово – 01.06.2019г.

Од 1 Јуни 2019 година, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Согласно барањата на овој Закон при обид во Helix да издадете фискална сметка со износ поголем од дозволениот ќе добиете порака за предупредување. Фискална сметка со износ поголем од дозволениот не ќе може да биде издадена од Helix.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.