Успехот секогаш започнува со инспирација. Во периодот кој следува ќе имате можност да прочитате серија приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix кои не себично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех.

Продолжуваме со Тими Консалтинг – компанија која веќе 26 години успешно работи, нудејќи сметководствени и консултативни услуги во сферата на бизнисот.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

За почетоците

Нашата компанија оперира на Македонскиот пазар уште од 1993 год. После независноста, на почеток од етапата на приватизацијата ја отворивме нашата канцеларија за водење на сметководство и консултации во сферата на бизнисот. Со професионализам успеавме уште од почетоците да соработуваме со големи и сериозни фирми, гледајќи ја потребата од менување на системот во тоа време. Тими Консалтинг прогресира секоја година и слободно можеме да кажеме дека денеска сме една од најпрестижните компании во нашата сфера на пазарот.  

Нашата мисија

Наша мисија е да го прошириме бизнисот и на странскиот пазар. Следејќи го трендот, денеска сме подготвени за поразлични предизвици.

Услуги за меѓународни стандарди на секојдневното работење!

Во принцип нашите услуги им овозможат на клиентите да имаат одлично познавање на законските и даночните регулативи и меѓународните стандарди во секојдневното работење, поради тоа што тие се многу комплекси и понекогаш знаат да се нејасни за клиентите.

Наши идни планови

Кога гледаме во иднината, секогаш би сакале да постигнеме нови соработки и да ги имаме долгорочна соработка со клиентите. Во пракса тоа значи да си по флексибилен и професионален и дека имаш поголемо портфолио на услуги. Нашиот план за во иднина е да го прошириме нашиот бизнис во областа на ревизијата, имајќи ја во предвид и потребата од нашите клиенти како и општата потреба на нашиот пазар.

За Зонел Софтвер

За Зонел Софтвер прв пат дознав преку презентација од нивните вработени во нашата канцеларија. Потоа кога добив повеќе информации, започнав да се интересирам и слушнав повеќе прекрасни искуства од луѓе што соработуваат со Зонел Софтвер. Тоа ме натера уште повеќе да истражам за компанијата на интернет и се одлучив да соработувам со Зонел Софтвер, компанија  која има еден од најдобрите софтвери на пазарот.

Нашето искуство со Helix

Иако не соработуваме долг временски период,  верувам дека оваа соработка ќе продолжи уште многу долго. Уште од самиот почеток бевме многу импресионирани од методологијата на работење на софтверот, логиката што е адаптирана, како и прецизноста која ја нуди софтверот. Сето ова те носи до тој степен за да си многу посигурен во себе и да очекуваш позитивни резултати.

Нашиот рецепт за успех

За да си успешен треба да си професионален и прецизен во соработката и исто така да соработуваш со професионални клиенти. Само тогаш можеш да просперираш.

Наши 5 златни правила за успех!

Можеби има и повеќе, не секако може да се одвојат најважните правила, а тие се:

  • Да сте професионални и прецизни.
  • Да сте флексибилни и јасни.
  • Да имате цел до каде сакате да стигнете.
  • Да понудите иновации на пазарот.
  • Да имате самодоверба.