Во склоп на модулот за автоматска изработка на завршна пресметка, како замена на поранешниот MS Excel образец во кој се експортираа билансите со можност за контрола на АОП правилата, направена е доработка во HELIX Системот како замена за истиот.

Имено, во делот за припрема на Биланс на успех, Биланс на состојба и Посебни податоци, постои дополнителна можност за контрола на сите објавени контроли од надлежните институции за тековни и податоци од минати години, така што нема повеќе потреба за експорт и проверка во поранешниот MS Excel документ.

Ефективноста која се постигнува е повеќекратна:

  • Значително забрзување на постапката за составување на билансите
  • Избегнување на се почести проблеми поради некомпатибилност или сетирање на MS Office пакетот, конкретно MS Excel
  • Застареност на MS Excel документот
  • Избегнување на идни корекции на заврШната пресметка и евентуални ревизии или доплати за тоа
  • Поквалитетна контрола и поголема сигурност во податоците за завршната пресметка

Новата опција е достапна во новата 6.20 верзија на HELIX Системот.