Успехот секогаш започнува со инспирација. Започнувајќи од денеска, во периодот кој следува ќе имате можност да прочитате серија приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix кои не себично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех.

Започнуваме со Каровска Дооел – компанија која со своите обуки секојдневно инспирира и мотивира голем број на млади луѓе во областа на финансиите, сметководството и администрацијата.

Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.

За почетоците

Нашата компанија е основана од Иван Папучкоски, човек кој долги години бил лидер на сметководството во ОХИС и човек кој несебично го споделуваше своето долгогодишно стекнато знаење во таа професија.  Сега, Мери Каровска е на чело на компанијата, а доаѓа со долгогодишно искуство како банкарски менаџер во една од филијалите на Стопанска Банка АД Скопје и искуство стекнато како финансиски менаџер од IT компанијата ИТД, членка на групацијата Инфософт.

Компанијата од година во година расте заедно со успехот на своите клиенти!

Нашата мисија

Првиот дел од нашата мисија е подобрување на функционалноста и ефикасноста во работењето на компаниите во делот на финансиите и сметководството, преку наше ефикасно работење и создавање придонес за комплетен успех!

Вториот дел од нашата мисија е да допреме до младите луѓе и практично преку обуки ги едуцираме, мотивираме и им го покажеме патот за успешно чекорење како идни професионалци во сверата на финансиите, сметководството и администрацијата.

Услуги за сигурен напредок и успех!

Со услугите што ги нудиме- сметководствени, консалтинг и контрола, административни и правни, на компаниите им овозможуваме сигурен напредок и успех!

Преку обуките и подготовките во нашиот центар за обуки, на индивидуалците им нудиме можност за нивно храбро чекорење во кариерата!

Наши идни планови

Да се задржиме на високото ниво на професионалност со услугите што ги нудиме!

Да допреме до сите оние кои имаат желба и страст за знаење, успех и прогрес!

Акцент даваме на обуките за сметководство, за кои планирано е да посетиме нови 10 градови од нашата земја!

За Зонел Софтвер

За Зонел Софтвер дознавме од неколку наши соработници, компании кои долги години го користат софтверот.

Сега, кога и ние сме корисниици на Helix софтверот, споделувам позитивни препораки за истиот! Добивме професионален софтвер и професионална поддршка!

Нашето искуство со Helix

Позитивно искусто! Едноставен за работа, па лесно го користиме со тимот вработени, а и со учесниците, корисници на обуките за Вовед во сметководство и финансиско сметководство во едукативниот центар на Каровска ДООЕЛ од Скопје.

Нашиот рецепт за успех

Добар тим во компанијата, добри партнери надвор од компанијата, придонесуваат за задоволство на клиентите! Тука е успехот!

Наши 5 златни правила за успех!

  1. Љубов кон работата
  2. Добра комуникација
  3. Одбран тим
  4. Добри партнери
  5. Желба за успех!