Зонел Софтвер целосно ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX и со тоа им овозможуваме на нашите корисници нивното работење во секој момент да е усогласено со најновите законски одредби.

Најновата законска измена која е имплементирана е следната: Законска 77 : Електронско поднесување на обврска за плаќање на персонален данок преку систем за е-ПДД.

Оваа законска измена се имплементира поради тоа што со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ПДД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk

Со оваа законска измена во HELIX се направени следниве измени или дополнувања:

  • Креирање на нов XML за УЈП со потребните податоци во ПДД-ГИ и ПДД-ГИ ОЗП
  • Нови полиња за податоци потребни за новиот XML за УЈП: општина, вид на исплата (трансакциска или друго), датум на исплата и одбиток/задршка
  • Избор на нови шифри за тип и подтип на исплата преземени од УЈП
  • Импорт на податоци од Договор на дело со новите шифри и новите полиња за податоци.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии