Како дел од програмата Старт-ап Бизниси за млади, Агенцијата за вработување на Република Македонија објави нов оглас за самовработување на невработени лица до 29 години.

Доколку сте млад човек со визија за свој бизнис, мотив за „сам свој газда“, енергија да се борите со предизивиците тогаш имате одлична можност да добиете неповратна финансиска помош дури до 10 000 евра од Буџетот на АВРМ и да основате свој бизнис. Повеќе информации околу конкурсот можете да погледнете на страната на АВРМ.

Самовработување

Зонел Софтвер Ваш партнер во Вашиот старт-ап!

Една од клучните работи за успешен бизнис е интегрирање комплетна контрола на целокупното работење на компанијата и е од витално значење за една нова старт-ап компанија да има стабилно систематско работење од самото основање. Затоа Зонел Софтвер со цел да го поддржи претприемачкиот дух кај младите луѓе одлучи на секоја ново основана компанија да и овозможи специјален попуст на сите софтверски решенија.

5 причини зошто е важно за една старт-ап компанија да користи квалитетно софтверско решение од самото основање?

1.Куќата се гради секогаш од темелот

Базата на податоци е темел на секоја компанија, затоа е важно компанијата да ја поставите на здрави темели со едноставно систематско евидентирање на сите податоци од тековното работење уште од првиот ден од основањето.

2.Ја намалува можноста за грешки на вработените, кои може да бидат погубни, особено во почетоците кога сте нови во бизнис околината

Анулирањето на грешките е една од првите работи за кои треба да се погрижите уште на почетокот бидејќи штом еднаш се стекне лошата репутација нејзината елиминација е сизифовски тешка работа.

3.Првиот впечаток е најважен, ќе оставите впечаток на сериозна компанија

Клиентите и деловните соработници секогаш главната слика за Вас ќе ја засноваат на првиот контакт. Деловните партнери во Вашата брза софтверска интеграција ќе препознаат сериозен партнер кој навремено ќе им ги испорачува обврските.

4.Ќе Ви помогне да воспоставите правила на однесување и ќе имате контрола над вработените

Еднаш правилно поставени принципи долгорочно ќе Ви ги намалат грижите.

5.Инвестирање во квалитетен софтвер на почетокот Ви заштедува време и пари од евентуални дополнителни миграции на податоци

Честите миграции на податоци од одредени документи во други или пак од еден во друг софтвер значат непотребно трошење на време и финансии како ресурси и ја зголемуваат можноста за евентуални грешки и губење на дел од податоците.

Внимателно изберете го софтверот и компанијата со која ќе соработувате!

Од голема важност за Вашата старт-ап компанија е  внимателно да го изберете софтверот и компанијата со која ќе соработувате бидејќи софтверот треба да Ви даде елан и да го забрза Вашиот развој а не да претставува уште една здодевна програма која што само би Ви ги зголемила задачите и обврските. Многу важно е при изборот да одберете компанија која долго време е на пазарот, има големо портфолио на клиенти и константно работи на раст и развој на софтверските решенија. Изборот на Зонел Софтвер како Ваш партнер значи дека позади Вас стои тим на професионалци кои им помогнале на над 1600 компании да го развијат својот бизнис.

„Измислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми, а од 1994 го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување на завршни пресметки. Со леснотија водиме повеќе од 120 фирми и многу ни олеснува поврзаноста со некои од нив преку моменталното копирање на нивните документи директно кај нас“ – Зоран и Зорица, Книговодствено биро „Уни Конт„ .

„Искрено се најдобро функционира. Никогаш немало проблем со тоа што ни треба. Направен е во согласност со сите законски прописи. Презадоволна сум од Вашата поддршка“ – Маре, „Корни“ –трговија со керамички плочки и санитарна опрема.

Започнете ја Вашата успешна деловна приказна уште денеска!

Kога е најдобро време за делување? Сега! Успешните луѓе се разликуваат од останатите најмногу по тоа што реагираат додека идејата е свежа и енергијата е на највисоко можно ниво. Во секој од нас се крие креативец и претприемач, но сеуште останува мистерија зошто само мал дел на луѓе одлучуваат да се придвижат кон остварување на своите соништа.

Изберете го  HELIX K-GOLD како Ваш искусен другар и партнер кој ќе биде со Вас на почетоците од Вашиот бизнис кога најмногу имате потреба од цврста и сигурна потпора. Книговодственото и материјалното работење знаат да бидат комплициран и здодевен процес, доколку навреме не поставите јасно дефинирани принципи на работа. Затоа исклучително мудра одлука е таа обврска да му ја препуштите на HELIX K-GOLD кој ќе биде главен ментор на Вашите нови вработени.

Добивате најбрз и наједноставен начин на комплетно материјално и финансово работење, автоматско книжење, аналитичка и финансиска картичка, бруто биланс, автоматско составување завршна сметка, работна книга на материјални трошоци, комплетно комерцијално работење со сите потребни анализи, сите потребни малопродажни документи, приемни листи, трговска книга, плата компатабилна со електронскиот систем МПИН на УЈП, основни средства, благајни … како и се останато што е од витално значење на секоја компанија, без разлика дали се работи за книговодство и консалтинг, угостителство, трговија, услуги, производство или маркетинг. И сето ова по најповолна цена на пазарот од 349 ЕУР! Закажете бесплатна презентација на софтверско работење тука !

Без разлика дали ќе се одлучите да започнете бизнис со трговија на големо или мало, брзината на изработување на влезните и излезните документи е една од клучните работи како да го зголемите прометот а аналогно на тоа и профитот. Како да го зголемите профитот на Вашата компанија од 3 до 10 пати и да бидете во предност пред останатите новоосновани компании?! Решението е HELIX M-GOLD!

Добивате најбрз и наједноставен внес на документи (повратници, приемници, фактури,  контролни пописи, ПЛТ, трговска книга …), лагер листа, материјална картица, комерцијална евиденција на промет, продажба со фискални сметки, напредна анализа на промет во вашата продавница и магацин. . И сето ова по најповолна цена на пазарот од 349 ЕУР! Закажете бесплатна презентација на софтверското работење тука !

Донесете одлука уште денеска и придвижете се кон остварување на Вашите соништа.

 Побарајте презентација!