Секој ден, се повеќе нови бизниси за големопродажба и дистрибуција ги отвораат своите врати, а многу повеќе се во фаза на затворање затоа што не можат да продолжат да се борат со конкуренцијата.

Со цел да се одржи успешен дистрибутивен центар во ова деловно опкружување, треба да се воведе систем за ефикасно управување со сите операции за манипулација со производите за да се постигне соодветно  задоволство на  Вашите клиенти.

За да се обезбеди стабилно работење на компанијата, важно е да се одржуваат стабилни деловни односисо Вашите клиенти преку обезбедување на сигурна логистика и испорака на производи, додека во исто време ги намалувате трошоците за работење. Во овој текст ние ќе Ви презентираме 5 совети за успешно управување со вашиот бизнис, за да можете да ги исполни сите овие барања.

Ако сакате да го подобрите работењето во целина и  успешно да управувате со вашиот магацин или дистрибутивен центар, разгледајте ги овие 5 совети.

1. Искористете ги предностите на технолошките иновации

Постојат многу одлични иновативни технологии кои можат да ја направат вашата работа многу полесна. На пример, софтвер за управување со Вашите магацини е клучна алатка за успешно управување со модерен дистрибутивен центар.

Постојат многу различни софтверски решенија на пазарот во зависност од Вашите потреби. Потполна автоматизираност, интегрираност и компактност на сите податоци и информации, независно за сите магацини, за сите дистрибутери е една од основните карактеристики која мора да ја исполнува еден современ софтвер за управување со дистрибутивен центар. Современ софтвер за управување со дистрибутивен центар мора да нуди голем број на алатки за ефикасно и ефективно управување со нарачките, лагер листата и испораките.

Исто така, разгледајте ги другите технолошки иновации кои ви овозможуваат  опции за автоматизација, за да направите сѐ за да го олесните вашето работење. Само како еден пример, транспортните системи (ленти) и палети управувани од роботи  се одлични за пренос на производите на поголеми растојанија низ Вашите магацини.  

2. Организирајте ги Вашите магацини

За организација на магацините Ви стојат на  располагање сложени организациски шеми кои можат да се поврзат со голем број  на начини  за нивно управување, се со една цел,  зголемување на ефикасноста и ефективноста.

Од точката во која ја влегуваат Вашите производи во магацините. до местото каде што го напуштаат магацинот за да се испратат до Вашите клиенти, треба да размислите за најефикасен начин за насочување на протокот на производите.

Дел  од логистичките прашања што ќе ги помогнат во одредување на правците и начинот на кој  производите се движат низ Вашиот магацин се следниве: Како ќе бидат складирани Вашите производи и како ќе се движат? Кои се методите за избор со кои се постигнуваат најефикасните резултати?

Соодветен софтвер кој во себе содржи алатки за работа со следниве особини на производите:  рокови на траење, сериски броеви, величини и слично се само дел од алатките која ќе Ви овозможи полесно воспоставување на Вашата организациска структура во Вашите магацини.

3. Управување со залихите

Залихата е витална компонента за Вашето работење. Дали ќе се специјализирате за одреден тип на производи, или ќе носите широк спектар на производи? Колку залиха ќе имате во дадено време?

Добро е да имате навремена информација за минимална критична залиха од одреден производ за да се направи навремено нарачка. Во исто време  и информацијата  за максимална залиха може да Ви помогне да не чувате преголема количина од одреден производ и со тоа да имате проблеми при неговото сместување.

Може да работите со одредени производи во различни сезонски периоди, или вашата залиха може постојано да се менува поради трендовите на пазарот.

Вашиот софтвер треба да може на брз и едноставен начин да Ви даде информации за трендовите на продажба на производите во одредени периоди.

Управување со дистрибутивни центри

4. Анализирајте сè

Овој совет е поврзан со првиот совет од овој текст за искористување на технологијата, конкретно, информатичката технологија. Вашиот софтвер мора да Ви овозможи алатки со кој можете да правите детална анализа на сите Ваши процеси од тековното работење. Анализи по дистрибутери, по брендови, по добавувачи, по купувачи, за одреден период, за одреден регион, ова се само мал дел од можните анализи кои треба да Ви ги овозможи Вашиот софтвер.

Исто така Вашиот софтвер треба да Ви овозможи детални информации за движењето на Вашите производи низ Вашиот дистрибутивен центар се додека не се испорачаат до клиентите.

Најголемиот дел од собирањето на податоци може да се направи автоматски со користење на иновативни технологии како баркод и RFID, кои мора да се интегрирани  во вашиот софтвер  за поголема контрола на тековното работење

Соберете колку што можете повеќе податоци за движењето на Вашите производи. Ако го третирате секое движење на производот како трансакција, ќе имате поголемо богатство на податоци за да одредите како сè се движи во вашиот дистрибутивен центар, што овозможува максимална ефикасност.

5. Вработените се Вашиот најважен ресурс

Воведување на  автоматизација и следење на податоците ќе ви овозможи да развиете ефикасна логистика, но вашиот дистрибутивен центар е толку ефикасен колку што вашиот персонал е ефикасен на своите работни места.

Добра идеја е да се спроведе редовна програма за обука за стандардните оперативни процедури, оваа програма треба да обезбедува соодветни упатства за работа во рамките на вашиот дистрибутивен центар.

Обуката треба да вклучува обуки за одржување и работа на машините, организација на складишта, известување, процеси, услуги на клиентите и други обуки за основните компоненти на вашиот бизнис. Софтверот за човечки ресури може да ви помогне да ги следите сите перформанси на Вашиот персонал.

Повратните информации од Вашите вработени секогаш се добредојдени, бидејќи информациите од терен се највредните информации за Вашиот бизнис.

Одржувањето на Вашите вработени среќни, во позитивна работна средина ја подобрува комуникацијата и кохезијата на персоналот, што секако ќе придонесе за непречено и квалитетно функционирање на Вашиот бизнис.

Максимизирајте ја ефикасноста на Вашиот бизнис со  HELIX-M софтвер за управување со Вашиот дистрибутивниот центар

Управувањето со дистрибутивниот центар е неверојатно сложенa операција, и ќе биде потребно многу време и искуство за да се постави сè на своето место. Плус мора да се соочите со променливите пазари за да го максимизирате профитот.

HELIX-М е Вашиот вистински избор, Вашиот партнер во ефикасно и ефективно управување со Вашиот дистрибутивен центар.

Не губете време, направете чекор во вистински правец за Вашиот бизнис,  нашиот тим Ви стои на располагање.

 Побарајте презентација!