Има многу предности од имплементацијата на HELIX во Вашата компанија. Меѓу големиот број на предности кои ги овозможува имплементацијата на HELIX се и зголемена продуктивност, и ефикасност на работењето, намалени трошоци и рационализација на бизнис процесите.

Прочитајте за следните 15 причини зошто да го имплементирате HELIX во секојдневното работење во Вашата Компанија:

  1. Конкурентност. Воведувањето на HELIX во Вашата компанија ќе Ви овозможи да бидете далеку пред конкуренцијата во своето тековно работење. Континуираниот развој на HELIX го следи развојот на Вашата компанија и преставува Ваш незаменлив партнер во секојдневното работење. Вашата компанија не може да си дозволи да користи стари решенија додека конкуренцијата ги користи предностите на
  2. Ефикасност. HELIX ја елиминира или намалува потребата од повторување на одредени бизнис процеси и рачно внесување на одредени информации. HELIX исто така го рационализира извршувањето на одредени бизнис процеси и на компаниите им овозможува поефикасно и поедноставно работење со податоците независно за кој сектор на компанијата се работи.
  3. Предвидувања. HELIX за компанијата преставува незаменлива алатка за менаџерите на компанијата за креирање на поточни предвидувања за работењето на компанијата. Поради тоа што благодарејќи на HELIX секогаш имаат прецизни и навремени информации за тековното работење на компанијата, компаниите можат да креираат реални проценки и предвидувања за идното работење.
  4. Соработка. Соработката меѓу различните сектори во компанијата е суштински и незаменлив дел од функционирањето на компаниите. Податоците внесени во HELIX се централизирани и конзистентни и со тоа се олеснува нивната размена помеѓу различните сектори. HELIX исто така го покрива речиси секој аспект од работењето на компанијата, со што се поттикнува и олеснува соработката помеѓу секторите.
  5. Приспособливост. HELIX овозможува многу едноставно додавање на нови корисници и нови функционалности во текот на Вашата работа со него. Кога Вашата компанијата има потреба од натамошен раст, нови ресурси или нови функционалности, тимот кој стои зад HELIX е тука да одговори на Вашите барања.
  6. Интегрирани информации. Наместо да имате информации кои се расфрлани на повеќе податочни бази, различни локации и апликации, HELIX овозможува да сите податоци од тековното работење се на една локација, а со тоа и лесно достапни и во исто време се одржува нивната конзистентност.
  7. Намалување на трошоците. HELIX ги намалува административните и оперативните трошоци при работењето на една компанија. Со забрзувањето на работењето, со тоа што секогаш имате пристап до точни и навремени информации и со големиот број на извештаи кои Ви дозволуваат донесување на секогаш навремени и точни одлуки, Вашата компанија штеди време, ресурси и финансиски средства.
  8. Рационализација на процесите. Како компанијата расте така бизнис процесите стануваат се посложени. HELIX ги автоматизира најголемиот број на бизнис операции низ различните сектори и им овозможува на Вашите вработени лесно да ги следат сложените бизнис процеси како што е производството, нарачките, испораките и слично.
  9. Мобилност. Со Cloud решението HELIX им овозможува на Вашите вработени пристап до податоците од најразлични локации, од дома, на терен и од други локации каде тие имаат потреба да пристапуваат до
  10. Извештаи. Богатиот избор на извештаи го прави HELIX партнер на Вашите вработени. Со еден клик тие може да креираат најразлични извештаи без да имаат потреба од користење на дополнителни алатки или дополнителни ресурси, така што штедат време за останатите активности од работењето на компанијата.
  11. Продуктивност. Дали штедењето на време и зголемување на продуктивноста звучи премногу добро за да биде вистина? Фактот е дека преку автоматизацијата на многу бизнис процеси (автоматски теркови за книжење, пренос на добра од еден во друг магацин …), вработените побрзо и попрецизно ќе ги завршуваат секојдневните активности. Во исто време HELIX е дизајниран за интуитивно и едноставно користење што е уште една предност за забрзување на работењето во Вашата компанија.
  12. Законски измени.Тимот на Зонел Софтвер ги следи цело време сите законски измени кои се поврзани со секојдневното работење на компаниите. Секоја законска измена е навремено имплеметирана во HELIX и Вие можете да бидете сигурни дека Вашето работење е во согласност со најновите законски легислативи.
  13. Флексибилност. HELIX е квалитетно, флексибилно и лесно за конфигурирање решение. HELIX не преставува решение кое е исто за секоја компанија и лесно се прилагодува на потребите и развојот на Вашата компанија и може да одговори на сите нови барања кои се појавуваат во текот на Вашето работење.
  14. Корисничка поддршка. Позади HELIX стои висококвалификуван тим кој Ви стои на располагање за поддршка на сите Ваши барања, потреби и прашања во текот на користењето на
  15. Безбедност. Со HELIX вашата компанија никогаш не треба да се грижи за сигурноста во пристапот до Вашите информации. Во исто време различни корисници во Вашата компанија имаат различно ниво на пристап со што се зголемува уште повеќе сигурноста на Вашите податоци.

Најважни причи зошто да го одберете HELIX

Веќе се одлучивте за HELIX? Сакате да слушнете повеќе или имате дополнителни прашања?  Контактирајте нè веднаш. Нашиот тим Ви стои на располагање да Ви одговори на сите прашања и да Ви помогне да започнете да го користите вистинското софтверско решение во Вашата компанија.