Изборот на сметководствен софтвер не мора да биде комплициран. Еве три прашања на кои треба посебно да обрнете внимание, кога избирате софтвер за Вашиот бизнис:

  1. Колку сте подготвени да платите?
  2. Зошто ви е потребен Сметководство Софтвер?
  3. Кои функции треба да ги поседува сметководствениот софтвер за да одговара на Вашите потреби?

Колку сте подготвени да платите?

Цените на HELIX Софтверските пакети се разликуваат во зависност од карактеристиките кои ќе ги одберете. Пакетите се креирани врз основа на нашето долгогодишно искуство и соодветствуваат на потребите на различните бизниси. ЗОНЕЛ Софтвер Ви овозможува да го купите оној пакет кој соодветствува на Вашите потреби.

Исто така ЗОНЕЛ Софтвер ви овозможува купување на база на модел со  изнајмување на софтверот и плаќање месечна рата за користење на соодветниот  HELIX пакет.

Зошто ви е потребен Сметководство Софтвер?

За да го одберете најдобриот сметководствен софтвер за Вашиот бизнис, првиот чекор е да ги познавате основните причини зошто Ви е потребен ваков софтвер.

Еве некои од факторите кои треба да ги разгледате:

  • Само што започнувате Ваш бизнис. Користење на сметководствен софтвер од самиот почеток го олеснува водењето на Вашиот бизнис. Многу е удобно да се започне со користење на HELIX софтвер за сметководство од првиот ден, наместо да чекате неколку месеци или дури години потпирајќи се на Excel табели или рачно водени сметководствени книги.
  • Вашиот бизнис расте. Ако планирате да го проширите својот бизнис, или ако вашиот бизнис брзо расте, мануелниот сметководствен систем станува неефикасен и комплициран. Користењето на HELIX софтверот за книговодство, може да му заштеди на вашиот растечки бизнис многу време и пари со автоматизирање на процесите. Исто така HELIX е лесно надградлив и го следи развојот и растот на Вашата компанија.
  • Сакате брз пристап до информациите во секое време. Мислите дека HELIX сметководствениот софтвер е само за финансиски бројки? Напротив, HELIX ви дава овозможува пристап и до  финансиските податоци и до податоците за Вашите клиенти. Во HELIX ги имате сите видови на информации за клиентите и добавувачите, како што се информации за контакт, историја на работа и условите за плаќање.
  • Сакате да го усогласите вашето работење. Со вршење на задачи кои се движат од исплата на плата до секојдневните трансакции, со HELIX сметководствениот софтвер можe да се интегрираат сите делови на вашето работење и автоматско внесување и префрлање на податоци од и во други системи (пример МПИН).
  • Вашиот сегашниот систем е премногу комплициран. Не сите сметководствени системи се направени на ист начин. За мали и средни претпријатија, некои од постојните сметководствени системи се премногу сложени и преполни со непотребни карактеристики. Ако софтверот кој го користе во моментов е премногу сложен, HELIX е е многу подобра опција за секое мало и средно претпријатие.
  • Сакате да бидете сигурни дека ќе ги почитувате сите закони и прописи. Не знаете ништо во врска со општо прифатените сметководствени принципи, законите за даноци или други финансиски регулативи? HELIX сметководствениот програм Ви ги креира сите законски предвидени документи и Ви помага да се обезбеди усогласеност на Вашето работење со законската легислатива. Вие не можете да го добиете ова со табеларни пресметки или со мануелно водење на Вашето книговодство.

сметководствен софтвер

Кои карактеристики ги бара Вашиот бизнис од сметководствениот програм?

HELIX софтверот за сметководство нуди голем број на технички функции и способности за да Ви помогне да управувате со Вашите финансии. Сепак, многу сопственици на бизниси  со кои зборувавме рекоа дека леснотијата на користење и заштедата на време се двете  основни карактеристики кои најмногу ги сакаат кај  HELIX софтверот за сметководство

Еве само некои од карактеристиките на HELIX софтверот за сметководство, со кои ќе Ви помогне да заштедите време и ќе Ви обезбеди подобро управување со вашите финансии:

  • Основни сметководствени задачи. Компанијата може да ги работи основните функции, како фактурирање (и преку е-маил и преку обична пошта), следење на приходите и расходите, генерирање на финансиски извештаи, и управување со клиентите и добавувачите, а доколку интерно го водите целото книговодство, тогаш HELIX е комплетен и тука.
  • Автоматизација. Работи како автоматски книжења, периодични исплати, денови на доцнење и други известувања и други автоматски процеси, Ви овозможуваат да заштедите време, бидејќи не ќе мора рачно да ги правите овие активности.
  • Креирање на понуди. Можност за креирање н понуди и проценки за корисниците кои понатака можете автоматски да ги претворате во фактури за корисниците.
  • Пресметка на даноци. HELIX го олеснува вашиот живот и животот на Вашиот сметководител и кога се работи за пресметка на Вашите даноци. HELIX вклучуваа автоматски даночни пресметки и подготовка на сите други документи кои се предвидени со законските регулативи за Вашиот бизнис.
  • Пристап од повеќе корисници. HELIX Ви овозможува пристап на повеќе корисници со различни нивоа на пристап што ќе Ви овозможи побрзо, поефикасно и посигурно завршување на Вашите обврски.
  • Пресметка на платаПодготовка на плата, печатење на исплатни ливчиња, редовни часови, прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови. Функционира секогаш во согласност со најновите законски регулативи во Република Македонија

HELIX  софтверот за сметководство, исто така нуди широк опсег на дополнителни бенефиции за малите бизниси, едноставно поради тоа што го прави водењето на бизнисот полесно. Еве зошто HELIX е вистинскиот избор за Вас:

  • Комплетно решение. HELIX е сметководствен софтвер кој преставува комплетно решение кое обезбедува сè што е потребно за една компанија: достапност, едноставно користење, следење на трансакциите, …..
  • Едноставен интерфејс. HELIX со својот едноставен изглед и едноставноста за користење овозможува надминување на фрустрациите поради комплексноста на сметководството
  • Помалку стрес. Управувањето со финансиите на една компанија е доволно тешко само по себе, па затоа е важно да се има сметководствен софтвер кој го олеснува стресот наместо додавање на дополнителен стрес.
  • Познат кај сметководителите. Многу корисници го избрале HELIX затоа што најголем број на сметководителите го користат токму овој софтвер и им го препорачале.
  • Податоци во реално време. HELIX сметководсствениот софтвер секогаш е ажуриран со најновите финансиски показатели за работењето на една компанија што ја отфрла потребата за рачно внесување на информации во софтверот.

За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.

Побарај понуда