Многу мали и средни претпријатија веруваат дека можат да успеат без професионален софтвер за книговодствено, материјално и комерцијално работење. Тие веруваат дека нивната работа е едноставна па затоа може лесно да се контролира со увид во неколку табели. Често, ова не е вистина. Следуваат 10 убедливи причини за имплементација на HELIX – професионален софтверски систем:

  1. Информации во реално време како основа за донесување одлуки
    Со брзи и прецизни информации, Вашиот тим нема да лета на слепо. Нема да се донесуваат одлуки врз основа на претпоставки и субјективни мислења, во отсуство на потребните податоци и факти. Дури и од ракав, без прецизни информации можат да се донесат добри одлуки но сепак таквите одлуки се непредвидливи а поголемиот дел од одлуките кои не се базирани на прецизни информации се неоптимални одлуки кои дополнително предизвикуваат трошоци и резултираат во намалување на задоволството на клиентите.
  1. Примена на најдобрите практики
    Нашиот софтвер е дизајниран во период поголем од 24 години. Како што бројот на нашите клиенти растеше, ние ги учевме спецификите на различните бизниси и индустрии, и како што технологијата и методите напредуваат, така и ние континуирано ги учиме, ги создаваме и ги рефлектираме истите во нашите софтверски решенија. Токму нашите стремежи кон постојано усовршување го прават HELIX она што во нашиот тим со задоволство го нарекуваме: „Жива Материја“. Затоа, со имплементација на HELIX Вие автоматски ќе ги усовршите Вашите бизнис процеси.
  1. Подобар увид
    Ако клиентите сакаат да знаат кога нивната нарачка ќе биде испратена или ако сакате да знаете дали имате доволно залиха од некој производ кој треба итно да се испорача, HELIX Ви овозможува инстант увид во Вашите операции и залихи.
  1. Побрзо завршување на пресметковните периоди
    HELIX софтверот врши автоматска обработка на бизнис трансакциите и овозможува брз преглед и ревизија. Преку материјалните и финансиски извештаи многу лесно може да се увидат какви било аномалии кои потоа на едноставен начин можат да бидат корегирани. Побрзо завршување на пресметковните периоди значи побрз увид во здравјето на Вашиот бизнис.
  1. Зголемено задоволство на клиентите
    Клиентите сакаат прецизни датуми на испорака, а со HELIX можете да им овозможите реална информација за достапноста на производите, цените и залихите. Тоа секако има влијание врз обемот на побарувачка и брзината на Вашата испорака, кое ќе резултира во задоволни клиенти.Praktika
  1. Управување и контрола на трошоците
    HELIX врши пресметка на трошоците и овозможува јасна слика за цената на чинење на Вашите производи и маржата.
  1. Зголемена оперативна ефикасност и моќ
    Помагајќи Ви поефикасно да го планирате производството, Вашата оперативна ефикасност ќе се подобри заради намалување на непотребните застои и прекини.
  1. Точна и прецизна евиденција
    Униформноста на податоците како стандард кој HELIX го овозможува, ќе Ви помогне да бидете сигурни во Вашите податоци што ќе ја зголеми прецизноста на Вашите бизнис процеси.
  1. Рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката
    Подоброто планирање на ресурсите при производството ќе ви помогне да се балансираат понудата и побарувачката со што ќе можете доволно да ги намалите залихите, без да имате неуспеси во задоволување на побарувачката.
  1. Намалување на времето на испорака и зголемување на обемот на испорака
    Подоброто планирање и точната евиденција ќе Ви овозможат фокус кон приоритетите, кое резултира во намалување на времето за испорака. А намалувањето на времето за испорака значи помалку неиспорачани нарачки, а оттаму зголемен обем на испорака.

Дејствувајте веднаш. Побарајте понуда!

Со почит,
Тимот на Зонел Софтвер

Побарај понуда