Согласно Законот за Безбедност на храна сите оператори со храна (месна и млечна индустрија, ресторани, производство на сладолед и др.) треба да имплементираат HACCP. Една од обврските при имплементација на HACCP е и постоење на систем за следење на температурата.

Обврска за следење на температурата постои секаде во просториите каде се пакуваат, преработуваат или складираат производи осетливи на температура.

За сите овие локации компанијата е обврзана да води дневници за температура или документирани отпечатоци од термометар за следење кои секојдневно треба да бидат потпишани од страна на надзорникот. Доколку мерењата се евидентираат мануелно, во дневникот треба да се забележи временскиот интервал кога биле направени отчитувањата. Временскиот интервал е различен за различни типови на индустрии и се движи од потреба на запишување на температурата на секои 2 часа до 3 пати дневно за помалите продавници и ресторани.

Сакаме да Ве информираме дека со AMBION ги избегнувате сите проблеми со овој закон.

AMBION – Интелигентен систем за мониторинг на температура и релативна влажност е решение кое Ви овозможува комплетно автоматско регулирање на Вашата законска обврска за следење и евидентирање на температурата.

AMBION Ви овозможува автоматско пополнување на Дневник на температура за HACCP. AMBION ослободува најмалку еден Ваш вработен од обврската од мануелно пополнување на Дневникот на температура а во исто време не дозволува грешки настанати поради човечки фактор при мануелно читање на температурата.

HACCP и мерење на температура

Со AMBION имате можност за мерење и на други амбиентални параметри: прашина, CO2, бучава, светлина … според Вашите потреби.

AMBION е најповолно решение на пазарот:

2015-09-10 Ambion_clip_image004 2015-09-10 Ambion_clip_image005 2015-09-10 Ambion_clip_image006

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За сите информации нашиот тим Ви стои на располагање.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.