НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН СОФТВЕР ЗА
МАЛОПОПРОДАЖНО РАБОТЕЊЕ – HELIX-P

Програмот HELIX содржи комплетно водење евиденција за една продавница, колонијал, аптека ресторан, трафика, бутик, продавница за авто-делови, сендвичара, парфимерија, книжара и уште многу видови трговски дејности кои наметнуваат потреба од крајно едноставна работа и крајно ефикасна контрола и анализа на работењето. Програмот овозможува максимална едноставност при изработка на парагон-сметка (обичен или сторно), фактура, приемница или повратница. Идеално решение кое од Вас и Вашите вработени не бара никакво претходно познавање на компјутери или било какво претходно искуство со нив… Едноставност во работата со употреба на бар-код читач и брз и прецизен локатор за пребарување на производи по дел од нивното име… Прегледна евиденција на отворени маси и нивно дополнување со порачка за кујна и шанк (само за ресторански работење)… Брзо и потполно автоматизирано читање на остварен промет, лагер, попис, …

Зошто би се одлучиле токму за HELIX? HELIX претставува комплетана WINDOWS CLIENT-SERVER  апликација со примена на најсовремени методи за стабилна и сигурна работа во мрежна околина. Исто така претставува и производ на една високостручна соработка и синтеза на најновиот Закон за Меѓународни сметководствени стандарди и Законот за данок на додадена вредност, како и највисоките дострели на најпознатите светски куќи за изработка на квалитетен софтвер од рангот на WINDOWS , COREL, ORACLE, … . HELIX комплетно се грижи за Вашите податоци како програм кој би го посакало секое претпријатие, а статистиката покажува дека неколку пати го зголемува прометот на една продавница а исто толку ја зголемува прегледноста и ја поедноставува анализата на целото работење …

USER FRIENDLY? Од кориснички аспект програмот е максимално флексибилен и комотен (комплетна WINDOWS околина) со можност за работа со глушец и тастатура по Ваш избор и изобилство на мени-ја и екрански копчиња најпрофесинално достапни во стилот на WINDOWS, пропратени со екрански пораки со што брзината на внесување податоци, а и сигурноста стануваат максимални. Исто така дозволува истовремена работа од повеќе работни станици со што Вашето време уптребено на планирање и анализа добива неколку пати поголема вредност…

А подршка ?

Со инсталација на програмот HELIX добивате гаранција за исправност на програмот во временски рок од една година, сервис, корисничка обука, одржување и прилагодувања на програмот (по потреба заради евентуални промени во законските прописи), постгарантно одржување и благовремена интервенција од наша страна на секој Ваш повик, за што сведочат многу задоволи корисници.
За поблиски информации во врска со програмот HELIX, презентација во секое време или било какви прашања обратете се на нашите телефони од 8 до 16 часот.

Само некои од можностите на програмот HELIX :

МАЛОПРОДАЖНО КАСОВО РАБОТЕЊЕ по принцип на продажни цени:

  • Единствен шифрарник и ценовник на производи цо опис и цена на секој производ и нивна групираност по основни типови како и посебна бар-код идентификација;
  • Влез и излез преку приемница, повратница, парагон или сторно парагон и автоматско ажурирање на ПЛТ и ЕТ;
  • Едноставно креирање парагон, работа со него, користење бар-код читач, калкулатор за остаток за враќање, додавање и корекција на производи во парагонот, насочување на прометот од готовина или на почек (и од кого), доделување попуст за одредена картичка, печатење на фактура…
  • Евиденција на граѓански чекови (реализирани или не), евиденција на должници од почек и нивно раздолжување;
  • Раздвоено отчитување на остварен промет од готовина, почек или вкупно за сите или подинечна извештај за вработените дневно или за одреден период со податоци за количина, цена и износ за секој продаден производ;
  • Отчитување промет групиран по тарифни даночни групи со сите претходно наведени параметри;
  • Автоматско раздолжување и ажурирање на лагер-листа;
  • Целосно автоматизирано раздолжување на лагер според претходно зададени нормативи за производство на готови јадења и коктели (само за ресторанско работење);
  • Лагер листа со податоци за количина и продажен износ за секој производ со можност за групирање на производи од сличен тип;
  • Материјална картица и детална анализа за секој производ;
  • Единствена лозинка за секој вработен (келнер) вклучен во процесот на продажба;
  • Крајно едноставен пристап и корекција на секој податок при што се запазени корекции на сите автоматски ажурирања на податоци. Ова дава посебна компактност и поврзаност на сите податоци во програмот и голема сигурност на корисникот;
  • Осум нивоа на привилегија за дозволен пристап во секој сегмент (корекции во парагон, сторнирање, читање промет, лагер листа, увид во евиденција на должници и работа со неа) преку посебни лозинки (пример за шеф, менаџер, директор, …);
  • Потполна достапност на сите претходно наведени лозинки за нивна промена и доделување од страна на генерален менаџер (супервисор);

На крајот како резиме ќе наведеме дека една од највредните особини на програмот HELIX е Вашата заштита од несакан пристап до податоците кои се единствено во Ваши раце. За ова сведочат многу наши задоволни корисници;

Неговата прецизност, едноставност, прегледност и богатство информации потполно ќе ја освојат Вашата доверба во него;

Овој простор е многу мал за да се наведат сите можности на програмскиот пакет HELIX . Покрај малопродажно касово работење располагаме и со комплетна опција за книговодство (финансово работење, малопрдажба, личен доход, основни средства, благајна, камати, …), високо софистициран програм за материјално – магацинско работење. Доколку имате сериозна намера да направите промена во Вашето работење и да напредувате со посовремени методи, наша единствена цел е да успеете во тоа ! Во оваа прилика оставаме отворена можност и за дилерска соработка на просторот на цела Македонија!

Не одлагајте повеќе. Правилната одлука е само една, ПРОВЕРЕТЕ !

Екипата на ЗОНЕЛ Ве очекува:

02/ 24-01-204 и 24-01-205 секој работен ден од 08 – 16 ч.

Ви посакуваме многу успех во работата
Со почит, ЗОНЕЛ СОФТВЕР

++389(0)2/ 24-01-204 и 24-01-205
Контакт страна
Зоран Настески, управител

П.С.: Според нашите мерења и сведочења на многу наши корисници работата со HELIX ќе го зголеми Вашиот промет од 3 до 10 пати, а исто толку и Вашата прецизност, сигурност, ажурност и педантност. Затоа направете го вистинскиот избор бидејќи тој е единствен.
П.П.С.: Истовремено крајна едноставност за користење и неизмерно голем спектар на можности, потполнаинтегрираност и достапност на податоците. Многу повеќе време за анализа и планирање.
П.П.П.С.: Зад HELIX стои висока стручна интегрираност на најнови закноски прописи и професионални техники на програмирање. Посебна и единствена на наши простори контрола на развојот на неговиот програмски код ја прави 100% сигурна Вашата иднина. А иднината е единствено оправдана причина за инвестирање.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.