| Финансово работење |
- Во финансовата аналитика е подобрено масовното печатење на ИОС, со можност за печатење само на селектирани комитенти, печатење без претходен преглед и дополнителна контрола преку посебна опција за преглед при подготовка на документите.
- Во финансово е додаден сервис за ажурирање на плаќања по профактури/понуди од кои се креирани фактури, со пренос на наплатата кон вистинската фактура и дополнително запишување на број на нарачка од која потекнува документот. Истиот е достапен преку систем – сервис – финансиско (сервис 13) или преку финансиско – налози – специјални опции (Ажурирање на плаќања по профактури / понуди).
- Во финансово е додаден Excel експорт на бруто биланс со аналитика, со што податоците од печатениот преглед може директно да се извезат и понатаму да се обработуваат во Excel.
- Во терковите за книжење е овозможен директен пристап до контен план при внес или промена на конто, со отворање изборник за конто и избор со позиционирање и Enter, без напуштање на тековната форма.
- Во објаснувачките белешки за завршни пресметки е додаден автоматски приказ на шифра и опис на дејност, поврзан со податоците од структурата на приходи по дејност.
- Забрзан е Excel експортот на главна книга со оптимизирана и поефикасна процедура за извоз, што овозможува побрза подготовка на податоците и подобра работа со поголеми книги.
|
| Материјално |
- Во книгата на должници е додадена колона за денови на доцнење според датумот на валута. Извештајот се повикува од Материјално > излез > Спецификација по документи > Книга на должници > Отворени ставки (F3)
- Во брза лагер листа се додадени дополнителни продажни цени од шифрарникот на производи, вклучувајќи продажни цени 2–9 и посебен приказ за девизна цена, за поцелосен увид во ценовните нивоа директно од лагерот.
- Во материјално влез е додадена опција за копирање на постоечка влезна калкулација во нова калкулација, со пренос на сите ставки и податоци, автоматски нов датум и нов редоследен калкулациски број.
- Во материјално излез е додаден CSV експорт на селектирани калкулации, со податоци за калкулациски број, документ, датум, комитент, износ со ДДВ, производ, единица мерка, ДДВ процент, продажна цена, количина и рабат.
- Подобрено е работењето со авансни фактури во материјално: одделно се евидентира „наплатено по аванс“ и „износ за наплата“, а при поврзување со конечна фактура системот автоматски ја прераспределува наплатата и ги раздвојува колоните во книгите и прегледите.
- Подобрен е импортот на девизни калкулации со извоз на нереализирани шифри во Excel, по што истите може да се дополнат со назив, тарифа и други податоци и повторно да се внесат во шифрарникот на производи.
- Подобрен е импортот на шифри и ставки од Excel/CSV со нов начин на вчитување преку табеларна компонента наместо Excel OLE, применет и во шифрарникот на производи и во содржина на влезна/увозна калкулација.
- Додадена е опција за импорт на трошоци за производствени калкулации од Excel, со две клучни колони: број на калкулација и износ на трошок, достапна од материјално излез преку посебна опција за импорт.
- Во материјално излез е додаден импорт на ставки во излезна калкулација од Excel и автоматски извоз на нереализирани ставки за дополнителна проверка и повторна обработка.
- Урнекот за импорт на девизна/увозна калкулација е проширен со нова колона за локација/позиција, при што системот проверува дали локацијата постои, автоматски ја креира ако недостасува и го запишува влезот на соодветната позиција.
|
| Плата |
- Во опцијата „Префрли податоци“ за плата е подобрена пресметката при промени на придонеси, даночно ослободување и други параметри, со соодветна повторна пресметка на бруто или нето износ во зависност од начинот на пресметка.
- Во платата е додадено сетирање за пресметка на просек кај боледувања на товар на ФЗОМ и слични случаи, со можност месеците/часовите на ФЗОМ да не влегуваат во просекот или да се користи дефиниран начин на пресметка според минимална бруто плата.
- Во платата е додадено ново сетирање за префрлување податоци од претходен месец кај вработени со скратено работно време, со автоматско пренесување половина часови од месецот во редовно работење.
|
Шифрарници
|
- Во шифрарникот на комитенти е додадено копче за автоматско повлекување на податоци од УЈП по даночен број, при што системот пополнува назив на фирма, регистрациски број, даночен број, адреса, град и општина, со контроли кога задолжителните полиња се празни.
- Во шифрарникот на комитенти е додадена опција за масовно преземање податоци од УЈП по ЕДБ за селектирани комитенти, со автоматско листање на обработените записи и креирање report.txt за комитенти кај кои податоците не се преземени.
- Во шифрарникот на производи е додадена контролна порака при масовна промена на цени, со приказ на вкупниот број селектирани производи пред потврда, за намалување ризик од ненамерна промена на поголем број артикли.
- Во шифрарникот на ценовници е додадено пребарување по каталошки број и скратен каталошки број, со пребарување по активниот каталошки број на производот за побрзо наоѓање на ставки во ценовници.
- Во шифрарникот на комитенти е додадено пребарување по адреса, со што се олеснува пронаоѓањето комитенти според локациски податок, покрај стандардните пребарувања по шифра, назив или други полиња.
- Во шифрарникот на производи е додаден импорт на продажни цени 2–9 по каталошки број, со поддршка за редовен и скратен каталошки број и посебен Excel урнек за брзо ажурирање на повеќе продажни цени.
|
Малопродажба
|
- Во малопродажба е овозможено креирање збирна фактура од селектирани калкулации.
- Кај парагоните е променета логиката на автоматска наплата: наплатата се ажурира во моментот на печатење фискална сметка.
|
Системски подесувања |
- Додадени се стандардни филтри за приказ само на документи од тековна година кај налози, материјално влез, материјално излез и малопродажни документи, со посебна логика за фирми со фиктивна почетна состојба.
- Додадени се филтри за приказ на записи само од тековната фирма во повеќе форми, вклучувајќи услужни фактури, избор на месец во плата, договори на дело, благајнички дневници и одобренија од материјално.
- Додадена е системска лог евиденција при бришење калкулации, со запишување во посебна евиденција за избришани калкулации, што овозможува подобра следливост, контрола и ревизија на критични операции.
|
| Кориснички привилегии |
- Во излезните калкулации е подобрено доделувањето на терк и налог, со можност овие полиња да се менуваат и кај заклучени документи за корисници со соодветна привилегија, вклучувајќи и масовно доделување на терк и налог за селектирани калкулации.
- Подобрена е примената на кориснички привилегии при користење табеларни прегледи, со примена на ограничувањата при вчитување поставки во материјално влез/излез, малопродажба, проширени лагер листи и картици.
|
Хотелско работење |
- Хотелското работење е проширено со повлекување податоци за комитент во резервација, ценовник за престој по комитенти/подкомитенти, сметкопотврда на англиски, групни извештаи за сите хотели и нов шифрарник за работа со повеќе хотели.
- Во хотелското работење е додаден избор на начин на плаќање при печатење фискална сметка, поддршка за два типа наплата, нов извештај по типови на наплата, сумарно печатење хотелски услуги и автоматско креирање калкулација од резервација.
- Овозможена е предвремена наплата на престој без одјава на гостинот, со печатење фактура, фискална сметка или сметкопотврда, ажурирање на полето за наплатено и контрола на понатамошни промени на резервацијата по наплата.
|
| Viber |
- Додаден е модул за Viber известувања на должници, со сетирање Viber ID и Display Name на ниво на фирма, ново поле за Viber контакт кај комитент, текст на порака со променлива за долг и следење статус: испратена, неиспратена и прочитана.
- Viber испраќањето е преместено во „Книга на фактури“ и проширено со избор на сите магацини, селекција/деселекција на калкулации, пресметка на долг по доспеаност и автоматско земање фактури од сите релевантни магацини.
- Viber модулот е проширен со пораки за доспеан долг по денови, со нова променлива #долгПоДенови# и автоматска пресметка по интервали 0–15, 16–30, 31–45, 46–60, 61–90 и над 90 дена.
|
e-Фактура |
- Во модулот за e-Фактура се додадени функции за подготовка на JSON податоци, посебен филтер со избор сите/издадени/неиздадени e-фактури и основа за посебно мени за креирање JSON датотеки според законските упатства.
- Преку API сервисот за e-Фактура е овозможено преземање податоци за фирма по даночен број, вклучувајќи регистрациски број, назив, адреса, град, поштенски број, општина, големина на фирма и код на земја.
- Во e-Фактура е додадена опција за референтни документи во материјално излез, малопродажба и услуги, со посебна форма за внес, промена и бришење на тип документ, број и датум, како и користење предефинирани типови како профактура, градежен документ и царинска декларација.
|
Креатор ПЛУС извештаи |
- Во Креатор ПЛУС се додадени нови извештаи за промет по продавници, вклучувајќи краток преглед по продавница и промет, проширен преглед со рабат, продажба и сторно износ, како и анализа на промет и маржа од затворени документи.
- Додаден е нов преглед за промет и рабат по тарифи, со можност за печатење, а дополнително е подобрено отворањето на каса при наплата на парагон од материјално според постоечкото сетирање.
- Во Креатор ПЛУС е додаден извештај по пример на „Книга на фактури“ од материјално излез, со можност за подготовка на прегледи кои корисникот може дополнително да ги филтрира, извезува и прилагодува.
- Во Креатор ПЛУС е додаден темплејт за спецификација по комитенти и денарски излезни документи со комплетни збирни податоци, како и дополнителен извештај за должници по периоди.
- Проширени се Креатор ПЛУС темплејтите за материјално влез со нови полиња за помошна и основна шифра на производ, дистрибутер, продажно место, град, регион, држава и збирни податоци за влезни документи.
- Во Креатор ПЛУСдодадена можност за корисничко пополнување формули во Summary делот, вклучувајќи количник на две колони, опционално множење со 100 и форматиран приказ со процентен знак.
|
Мобилни апликации и угостителство |
- Изработена е Android апликацијата HELIX Mobile како основа за мобилна работа со избрани функционалности на HELIX, модернизирана според претходната мобилна апликација и подготвена за понатамошно проширување.
- Изработена е Android апликацијата HELIX Келнерска за угостителско работење, наменета за мобилно внесување келнерски нарачки и поддршка на побрза работа во ресторански и хотелско-угостителски средини.
|
| Сервисни работење |
- Сервисните налози се проширени со масовно креирање нови налози од селектирани аларми, филтрирање по град/регион, пренос на производи и услуги од претходниот налог и поддршка за автоматско креирање излезни калкулации од сервисни налози.
- Сервисните налози за возила се проширени со поддршка за гаранција, фактурирање на работна рака, креирање налог без претходна продажба на возило, статуси за флота/гаранција, приказ на присутна количина од магацин и автоматски избор на цена според последна продажна цена.
|