ZONEL SOFTWARE HELIX ERP

Вашиот бизнис
заслужува повеќе
од софтвер.

Поврзете ги продажбата, залихите, финансиите и сметководството во едно целосно решение. Имајте контрола врз работењето и повеќе време за развој на вашиот бизнис.

Целосно ERP решение•Професионална поддршка
Преглед на работењето
Поврзани податоци
Продажба Продажба Преглед на прометот
Залихи
Магацин Преглед на залихи
Состојба на артикли
Финансии и наплата
Целосна финансиска слика
Податоци од поврзани деловни процеси
Повеќе контролаПодобри деловни одлуки
Едно решениеПоврзано работење

30+

Години Искуство

2.300+

Активни Компании

10.000+

Корисници на HELIX

Софтверски решенија за секоја индустрија

Изберете ја вашата дејност и видете ги специфичните функционалности

Сметководствено биро

Колку клиенти повеќе би воделе без препишување на исти податоци? Со растот на обемот, контролата се губи, а грешките излегуваат на виделина дури кога е доцна за корекција. Никој нема јасна слика кој клиент ви одзема најмногу време.

Внатрешно сметководство

Продажбата, магацинот, наплатата и книговодството се во еден систем. Податокот се внесува еднаш, одговорите ги имате веднаш, а одлуките ги носите додека месецот сè уште тече.

Големопродажба

Напредно материјално работење, паметно следење залихи во повеќе магацини и налози за набавка.

Малопродажба

Брзи, сигурни и интуитивни ПОС интерфејси со целосна законска фискализација на сметките.

Е-Трговија

Двонасочна синхронизација со WooCommerce и Shopify — залихи, цени и нарачки во реално време.

Производство

Прецизно следење на материјални нормативи, фази на производствен процес и реални трошоци.

Ресторанско работење

Специјализиран ПОС за угостителство, брзо мапирање маси, менаџирање со менија и контрола на кујна.

Хотелско работење

Комплетен систем за рецепција, резервации, преглед на соби и брзо фактурирање на хотелски услуги.

Пресметка на плата

Контрола на целата пресметка, не само на бројките: работни часови, придонеси, персонален данок, боледувања, одмори, МПИН и автоматско книжење — без рачно препишување и без чекање на програмер.

Плата за буџетски корисници

Законски усогласена пресметка на плата за јавни институции, со точни придонеси и данок, автоматска МПИН врска и извештаи и пријави според барањата на институциите.

Човечки ресурси

Централизирано управување со податоците за вработените, работните ангажмани, отсуствата и кадровската евиденција.

Евиденција на работно време

Прецизна евиденција на работното време, следење на смени, доцнења и отсуства со автоматски извештаи и целосна контрола на присутноста.

Најнови вести и актуелности

Совети, законски промени и новини за HELIX

Специјални решенија

Решенија скроени за вашата индустрија и потреба

Секој бизнис работи поинаку, а стандарден софтвер ги покрива само основите. Колку часови неделно ви одзема рачниот внес, и колку пари чинат грешките и информациите што доцнат? Затоа, во HELIX ERP, нудиме специјални решенија за различни индустрии и потреби — за од денешната состојба да стигнете до онаа што ја посакувате: помалку рачна работа, поточни податоци и повеќе време за раст.

Изберете го вашиот случај 👇

Ново: HELIX AI

Не ви требаат само извештаи. Ви требаат одговори.

💬
Поставете конкретно прашање и добијте анализа на податоците од вашиот HELIX ERP
  • AI асистент за деловни податоциПоставувајте прашања на деловен јазик и добивајте насочени анализи за тоа што бара внимание.
  • Анализа на извештаиБруто биланс, Аналитичка картичка, Лагер-листа, Материјална картичка и извештаи од Креатор Плус.
  • Залихи и оценки на производиАнализа и оптимизација на залихи, плус оценување на артиклите според продажба, маржа и трендови.
  • Бодирање и евалуација на коминтентиПоддршка при процена на ризикот врз основа на историјата и однесувањето.
Погледни ги AI карактеристиките

Од нашите корисници

Како компанија специјализирана за продажба на авто-делови, точноста и брзината во испораката се од клучно значење. Со HELIX и мобилните уреди, секој артикл се скенира и испраќа без доцнење, а интеграцијата со веб продавницата ни овозможува целосна контрола од нарачка до достава. Поддршката секогаш е брза и професионална – вистински партнер кој ти дава сигурност.

Дубровкиња Горјан

За HELIX дознав преку пребарување на интернет. Програмот го користиме активно од 2008 година. Искуството се HELIX е големо во позитивна смисла бидејќи во текот на годините нашата база е збогатена т.е. доработенa со поголем број опции во користење на програмскиот пакет кој пак ни ја олеснува потребата во обработка на материјално финансовата евиденција. При контрола на инспекциските служби имаме пофалба во презентација на документацијата од материјално финансовата евиденција за точноста на податоците.

Лимиди Рамадан

Нашата компанија работи на комплексни проекти и решенија во областа на градежништво, поточно водовод, греење, ладење и вентилација и најважни ни се прецизноста и континуираното следење на трошоците и ресурсите по проект. Со HELIX, добивме ERP решение што ни овозможи лесна евиденција и детален преглед на сите материјални и финансиски движења поединечно за секој проект. Работата сега ни е поорганизирана, а одлуки донесуваме многу побрзо и поинформирано. HELIX ни дава вистинска контрола и јасна слика за нашето работење.

Унитим Ивана

Зонел Софтвер е компанија за која знаеме од почеток на нејзиното постоење. Носечката личност на нашата компанија беше директно инволвирана во изнаоѓање на најсоодветни решенија кои во тоа време ги креираше тимот на Зонел Софтвер и ги имплементираше како решенија во тогаш „најновиот” софтвер на пазарот. Соработката беше беспрекорна и на задоволство на двете страни. Со Helix се дружиме од самите почетоци, заедно растеме и созреваме.

Ком-Прес Лидија

Измислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми а од 1994 година го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување завршни пресметки.

„УНИ-КОНТ“ – Сметководствено биро Зоран

Донесете вистинска одлука!

Одберете компанија која го разбира Вашиот бизнис и навистина се грижи за Вас!