Корисничка поддршка
Корисничката поддршка во Зонел Софтвер е во многу сегменти поразлична од конкуренцијата. Наместо класичен „call center“, добивате поддршка со економско и корпоративно познавање. Една работа е софтвер, а друга работа е како функционира секој бизнис посебно, а нема корист само да се отстрануваат проблемите во програмот ако тој не е прилагоден на Вашето работење.
Корисничката поддршка се надоврзува на процесот на имплементација и обуките и е гаранција дека HELIX ќе функционира според потребите на Вашиот бизнис.
Вклучена е неограничено, од 8 до 16 часот секој работен ден, преку системот за корисничка поддршка e-Support, кој е модерен, брз и ефикасен начин да добиете услуга.
