Од корисниците — редизајн предлог

Од нашите корисници — нивното искуство зборува најгласно

Партнерства кои траат со децении.

Со HELIX добивате партнер кој длабоко го разбира вашиот бизнис и е тука на секој чекор — од анализа на процесите, преку имплементација, до секојдневна поддршка. Успешната имплементација на ЕРП не завршува со инсталација, туку продолжува со вистинска грижа.

2300+
корисници на HELIX ERP
10000+
корисници
15000+
завршни пресметки

Сметководствено биро

„Ниту еден проблем со тоа што ни треба. Направен е во согласност со сите законски прописи. Презадоволна сум и од вашата поддршка.”

КОРНИ
Трговија на големо и мало

Трговија — авто-делови

„Со HELIX и мобилните уреди, секој артикл се скенира и испраќа без доцнење, а интеграцијата со веб продавницата ни овозможува целосна контрола.”

Дубровкиња — Горјан
Продажба на авто-делови

Градежништво / инсталации

„Добивме детален преглед на сите материјални и финансиски движења поединечно за секој проект. Одлуки донесуваме побрзо и поинформирано.”

Унитим — Ивана
Водовод, греење, ладење, вентилација

Сметководствено биро

„Соработката беше беспрекорна и на задоволство на двете страни. Заедно растеме и созреваме со Helix од самите почетоци.”

Ком-Прес
Сметководствено биро

Обука по сметководство

„Вашиот програм со леснотија го совладуваат корисниците на обуките за сметководство и со интерес го бараат за нивните трговски друштва.”

Космо Иновативен Центар - М-р Весна Хриџиќ
Едукативен Центар

Трговија

„ЗОНЕЛ — професионален тим со кој секој посакува да работи.”

САРП ЛТД ДООЕЛ - М-р Виолета Костовска
Трговија на големо

Сметководствено биро

„Уште од почеток бевме импресионирани од методологијата, логиката и прецизноста на софтверот — тоа те носи до сигурност во позитивни резултати.”

Тими Консалтинг
Сметководствено биро

Сметководствено биро

„Јас сум презадоволна и на сите кажувам дека може да го користат HELIX. Лесно се учи и го препорачувам.”

МА-ГО Компани
Сметководствено биро

Трговија на мало — спортска опрема

„На препорака на нашиот татко се одлучивме HELIX да го користиме и во нашата фирма. Системот е добро осмислен и едноставен за користење.”

Спорт Лаб
Спортска продавница

ИТ и технологија

„Добар софтвер за материјално и финансово работење е една од најбитните работи веднаш после организационата структура и квалитетот на тимот.”

Дигиком Компјутери
ИТ компанија