Мониторинг и контрола на температура

Температурата не треба да биде претпоставка, туку доказ.

Самостоен уред за прецизно и навремено мерење на температура и влага на повеќе мерни точки — со автоматски дневник, аларми во реално време и целосна законска усогласеност.

Температура Влага Аларми HACCP Извештаи Термограф Cloud Интеграција
AMBION • Мерни точки
Системот работи
Складиште 1 –2°C
Транспорт 4°C
Активни аларми 0
Дневник Генериран
АЛАРМ SMS / EMAIL
01 • Контрола

ИМАТЕ ЛАДИЛНИЦИ И МАГАЦИНИ.
НО ДАЛИ ИМАТЕ ДОКАЗ?

„Дали температурата е во ред?“ е лесно прашање. Потешките прашања се оние што носат одлука.

01

Знаете ли во секој момент каква е температурата?

Без континуиран мониторинг, одговорот е секогаш претпоставка.

02

Колку брзо дознавате за надминување на прагот?

Без аларм во реално време, грешката се открива дури кога е предоцна.

03

Имате ли евиденција подготвена за инспекција?

HACCP дневникот треба да е достапен веднаш, не да се прави накнадно.

04

Се следи ли температурата и при транспорт?

Производот може да е во ред во магацинот, а изложен на ризик на пат.

05

Колку производи досега сте изгубиле незабележано?

Секоја неоткриена осцилација е директна финансиска загуба.

06

Дали сте подготвени за проверка во секој момент?

Инспекцијата не чека да ја подготвите документацијата накнадно.

02 • Од проверка до доказ

НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА Е ДА ЈА ТРЕТИРАТЕ ТЕМПЕРАТУРАТА КАКО НЕШТО ШТО СЕ ПРОВЕРУВА ПОВРЕМЕНО.

Едно отстапување од само неколку минути може да ја наруши целата серија производи. Проблемот најчесто не е во ладилникот — туку во тоа што никој не го забележал навреме.

AMBION постојано мери, бележи и алармира — наместо некој рачно и повремено да проверува.

01
Каква е температурата сега? Мониторинг во реално време
02
Дали е надминат прагот? Инстант аларм преку SMS/е-пошта
03
Што се случило синоќа? Автоматски дневник на температура
04
Дали сме законски усогласени? HACCP извештаи и записи
05
Што влегува во нашиот ERP? Автоматска интеграција и книжење
03 • Патот на мерењето

ЕДНО МЕРЕЊЕ.
ЦЕЛА ПРИКАЗНА.

Не гледајте само тековна бројка. Следете го целиот пат од сензорот до годишната анализа.

01

Сензор

Дигитален сензор на секоја мерна точка.

02

Мерење

Континуирано, во интервал по Ваш избор.

03

Запис

Автоматско зачувување на секое мерење.

04

Споредба

Споредба со дозволени граници во реално време.

05

Аларм

SMS или е-пошта при надминување на прагот.

06

Дневник

Автоматско пополнување Дневник на температура.

07

Извештај

Графикони и анализи за избран период.

08

Интеграција

Поврзување со постоечкиот ERP систем.

AMBION ТЕРМОГРАФ 🚚
Точка 1 · Товарен простор 3.4°C
Точка 2 · Кабина 21.1°C
08:00 3.1°C · 61% RH
09:00 3.4°C · 60% RH
✓ Извоз на листа Подготвена
04 • Транспорт

ТЕМПЕРАТУРАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗГУБИ НА ПАТ.

Следењето на температурата и влагата за време на превоз е законски пропишано барање за многу индустрии — не само препорака.

AMBION ТЕРМОГРАФ е уред за континуирано мерење на температура и влага на до две независни мерни точки во Вашите транспортни возила. Системот ги запишува и чува измерените вредности и овозможува печатење листа на измерени вредности за секој превоз.

  • Интервал на запишување 1–99 минути Со интегриран часовник и календар
  • Мерен опсег –40°C до 80°C, 0–100% RH Напојување 12–30V, вклучи и користи
  • Неограничено чување записи Печатење листа по секој реализиран превоз
Дознај повеќе за AMBION Термограф
05 • Усогласеност и барања

ЗАКОНСКА ОБВРСКА. БАРАЊЕ НА ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ. СТАНДАРД НА ИНДУСТРИЈАТА.

Следењето и евидентирањето на температурата не е избор — туку законска обврска за компании кои работат со прехранбени производи, лекови и козметика.

Големите синџири на маркети и дистрибутери бараат документирана евиденција на температурата како услов за соработка и испорака.

HACCP барањата за храна и фармацевтските стандарди за лекови и вакцини бараат континуиран мониторинг со записи достапни за инспекција во секој момент.

HACCP дневник Автоматско пополнување Дневник на температура
Барања на маркети Документирана евиденција за секоја испорака
Фармацевтски стандарди Контролирани услови за лекови и вакцини
Домашно решение Целосно развиено и произведено во Македонија
Хардвер и софтвер Еден производител, целосна одговорност
Директна поддршка Совети, дијагноза, гаранција, надградби
06 • AMBION

ОД СЕНЗОР ДО КОМПЛЕТНА КОНТРОЛА.

Следењето на температурата не е еден уред. Затоа и решението треба да ги поврзе сите чекори.

01

Мониторинг во реално време

Температура на повеќе мерни точки, постојано.

02

Аларми

Инстант известување преку SMS или е-пошта.

03

Повеќе мерни точки

Прошириво решение според вашите потреби.

04

Термограф за транспорт

Контрола на температура и влага во возилата.

05

HACCP дневник

Автоматски генериран, секогаш подготвен.

06

Извештаи и графикони

Анализа на мерења за избран период.

07

Достапност насекаде

Мрежа, cloud или сопствен сервер — од било каде.

08

Интеграција со ERP

Автоматско поврзување со книговодство и работење.

07 • Различни индустрии

ЕДНО РЕШЕНИЕ.
РАЗЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА.

Различен асортиман. Различни барања. Но иста потреба: докажлива контрола на температурата.

Дознај повеќе за AMBION

Прехранбена индустрија

Месо, млечни производи, сладолед и други расиплиови производи.

Фармација

Лекови, вакцини и козметика во контролирани услови.

Угостителство

Ладилници, замрзнувачи и складишни простории.

Транспорт и дистрибуција

Контрола на температура во текот на превозот.

Трговски синџири

Документирана евиденција за секој добавувач и испорака.

Складишта и логистика

Повеќе локации под единствен надзор.

08 • Анализа и извештаи

НЕ САМО ДА ЗНАЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО. ТУКУ ДА ГО ДОКАЖЕТЕ ТОА.

Различни извештаи, графикони и анализи за извршени мерења, кои ќе Ви заштедат финансии, време, нервози и ангажман.

Секој извештај е подготвен за инспекција, за клиент или за внатрешна анализа — без дополнителна рачна подготовка.

„Дали складиште 2 имаше отстапување во последните 30 дена?“
Графикон на мерења и список на регистрирани аларми се генерираат автоматски за избраниот период и локација.
Температура Влага Аларми Период Локација
09 • За менаџментот и квалитетот

ОД „СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА Е ВО РЕД“ ДО
„ЗНАЕМЕ ДЕКА Е ВО РЕД“

Добар систем не треба само да мери температура. Треба да ви помогне да докажете усогласеност во секој момент.

Колку пати минатиот месец имаше надминување?
Кој објект има најчести отстапувања?
Дали сите мерни точки испраќаат податоци?
Кога последен пат е печатена HACCP евиденција?
Дали сме подготвени за итна инспекција?
Колку чини секоја изгубена серија производи?
Која е просечната температура по локација?
Што треба да се провери пред следната испорака?
10 • Единствени на пазарот

НАЈПОВОЛНОТО И НАЈМОЌНО РЕШЕНИЕ ОД ОВОЈ ТИП ВО МАКЕДОНИЈА.

Споредено со сите странски конкурентски решенија — развиено, произведено и поддржано од домашен тим.

Eurofarm Pliva Septima Bimilk Industriservis Ceza Komerc
AMBION • Мониторинг и контрола на температура

МОЖЕБИ НЕ ВИ ТРЕБА ПОВРЕМЕНА ПРОВЕРКА. МОЖЕБИ ВИ ТРЕБА ПОСТОЈАН ДОКАЗ.

Од проверка → мониторинг. Од ризик → усогласеност. Од претпоставка → доказ.