HELIX-K • ФИНАНСИИ И УПРАВУВАЊЕ

СМЕТКОВОДСТВОТО НЕ Е САМО ВНЕСУВАЊЕ ПОДАТОЦИ.

Колку време трошите на повторно внесување, проверки и барање информации? HELIX-K го поврзува книговодството со реалното работење на компанијата — од документот до анализата и одлуката.

HELIX-K • Преглед
Финансиски преглед
Побарувања 842K
Обврски 516K
Документи 328
Податоците се поврзани
1 систем
Финансии • Материјално • HR • Анализа
ПРЕД ДА ИЗБЕРЕТЕ СИСТЕМ

КОЛКУ ВЕ ЧИНИ НАЧИНОТ НА КОЈ РАБОТИТЕ ДЕНЕС?

Проблемот не е само колку документи имате. Проблемот е колку чекори се потребни за тие документи да станат точна и корисна информација.

1
Колку време трошите на повторно внесување на исти податоци?
2
Колку брзо можете да откриете каде настанала разлика или грешка?
3
Дали финансиските податоци се поврзани со реалното работење?
4
Колку време ви останува за анализа, советување и донесување одлуки?

Книговодството може да биде место каде што само се обработуваат документи.

Или може да биде центарот од кој компанијата ги разбира своите финансии, трошоци, побарувања, обврски и резултати.

Разликата е во тоа дали податоците се само внесени — или се поврзани.

HELIX-K е создаден за втората опција.

ЕДЕН ПОВРЗАН ПРОЦЕС

ОД ДОКУМЕНТ ДО ОДЛУКА

Еден внесен податок не треба повторно да се внесува за да стане корисна информација.

01
Документ
02
Материјално
03
Финансии
04
Плати и HR
05
Извештаи
06
Анализа
ЕДНО РЕШЕНИЕ • ДВА НАЧИНИ НА РАБОТА

HELIX-K Е КРЕИРАН И ЗА БИРОА И ЗА КОМПАНИИ

За сметководствени бироа

Повеќе клиенти не мора да значат повеќе хаос.

Кога работите со голем број компании, најголемиот предизвик не е само бројот на документи. Туку контролата, различните специфики и времето потребно за обработка.

  • Работа со повеќе компании
  • Контрола и пребарување на податоци
  • Поврзано материјално и финансиско работење
  • Извештаи и анализа по клиент
  • Полесно следење на обемот на работа
За компании со внатрешно сметководство

Сметководството не треба да биде изолирано.

Продажба, набавка, магацин, залиха, побарувања, обврски, плати и финансии се делови од истиот бизнис.

  • Поврзување со комерцијалното работење
  • Следење на побарувања и обврски
  • Контрола на залиха и материјали
  • Плати и човечки ресурси
  • Менаџерски извештаи и анализа
HELIX AI
Прашање Кои клиенти имаат најголеми неплатени обврски?
HELIX AI Клиентите со најголеми отворени побарувања се издвоени според износ и рок на доспевање.
Побарувања
Трошоци
Маржа
Продажба
Трендови
ОД ПОДАТОЦИ ДО УВИД

КОГА ПОДАТОЦИТЕ СЕ ВО СИСТЕМОТ, ЗОШТО САМИ ДА ГИ БАРАТЕ ОДГОВОРИТЕ?

HELIX AI е дополнителен слој над податоците што веќе ги имате во системот. Наместо да пребарувате низ повеќе извештаи, можете полесно да поставувате прашања и да добивате насока каде да го барате одговорот.

  • Кои клиенти доцнат со плаќање?
  • Каде растат трошоците?
  • Кои производи носат најголема маржа?
  • Што се променило во споредба со претходниот период?

AI не е замена за книговодството. Тој е следниот слој над податоците.

ЛУЃЕТО СЕ ДЕЛ ОД БИЗНИСОТ

БИЗНИСОТ НЕ СЕ САМО ФАКТУРИ И БРОЈКИ.

Вработените, работното време, платите и трошоците за труд се важен дел од секојдневното работење. Затоа HELIX покрај финансиското работење овозможува и интегрирано управување со плати и човечки ресурси.

01
Вработени Евиденции и податоци
02
Работно време Присуства и отсуства
03
Плати Пресметки и исплати
04
HR Документи и евиденции
ШТО ОПФАЌА HELIX

ФУНКЦИИ КОИ СЕ ПОВРЗАНИ ВО ПРОЦЕС

Не ви требаат десетици одделни програми. Потребен ви е систем во кој информациите продолжуваат да се користат низ работењето.

01

Финансии

Книжење, аналитички картици, бруто биланс, ДДВ и завршна сметка.

02

Материјално и комерцијално

Набавка, продажба, магацин, залиха, попис и материјални документи.

03

Побарувања и обврски

Следење на клиенти, добавувачи, рокови и наплата.

04

Плати и HR

Вработени, работно време, плати, отсуства и HR евиденции.

05

Основни средства

Евиденција, амортизација, докнижувања и расходување.

06

Анализа и AI

Извештаи, филтри, графички прикази и интелигентен пристап до податоците.

ПОВРЗУВАЊЕ СО КЛИЕНТИТЕ

ПРИСТАПИ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНОТО БИРО

Од едноставен увид до целосна работа во програмот — изберете го пристапот што одговара на секој клиент.

01
Само увид

Read Only – Проверки

Увид во целиот програм за проверки, само за фирмата на клиентот и без можност за измени.

02
Е-фактура

Read Only – Модул Е-фактура

Праќање и потпишување Е-фактури, и преземање од системот на УЈП.

03
Целосна работа

Комплетна лиценца

Работа во програмот со дефинирани кориснички привилегии, само за фирмата на клиентот.

04
Закуп

Изнајмување на програмот

Клиентот го изнајмува програмот, а со 1 клик податоците се праќаат кај сметководственото биро.

05
Купување

Купување на програмот

Решение според потребите и бројот на корисници, а со 1 клик податоците се праќаат кај сметководственото биро.

Не сте сигурни кој пристап е вистинскиот?

Заедно со вас и вашиот клиент ќе го најдеме најдобриот начин на поврзување.

Закажете состанок
ИСКУСТВО И ДОВЕРБА

HELIX СЕ РАЗВИВА СО РЕАЛНИОТ БИЗНИС.

Повеќе од три децении развој, законски промени, нови технологии и искуство од работењето на илјадници компании.

30+ години развој
2.300+ компании
10.000+ корисници
ПРЕД ДА ИЗБЕРЕТЕ

НЕ ПРАШУВАЈТЕ САМО „ШТО МОЖЕ ПРОГРАМАТА?“

Прашајте што ќе се промени во вашето работење откако ќе го воведете.

Колку време ќе заштедиме?
Колку помалку податоци ќе внесуваме рачно?
Колку побрзо ќе ги најдеме потребните информации?
Дали финансиското ќе биде поврзано со оперативното?
Дали системот може да расте со компанијата?
Дали од податоците можеме да добиеме подобри одлуки?
Колку повеќе фирми ќе можеме да водиме?
Колку ќе се зголеми профитот на нашиот бизнис?

Ако овие прашања ви се важни, не барате само програма за книжење. Барате систем со кој ќе работите секој ден.

HELIX-K

КНИГОВОДСТВО ШТО НЕ ГО СЛЕДИ САМО МИНАТОТО.

Поврзете го финансиското, материјалното, кадровското и комерцијалното работење — и добијте подобра основа за следната одлука.