Детали за особините вградени во новата 9.10 верзија на HELIX пакетот:

Општо
  • Направена имплементација на можност за  селекција за секој корисник посебно. Мултиселект е овозможен за: преглед на влезни калкулации (материјално), преглед на излезни калкулации (материјално), шифрарник на производи, шифрарник на комитенти и преглед на калкулации во малопродажба.
Финансово работење

  • Во Финансово ->Налози ->Книжење е  додадена можност за импорт на банкарски извод од ТТК Банка.
  • Направена опција “Пресметка на добивка” која се повикува од бруто биланс – специјални опции, со параметри со кои е повикан бруто билансот.
  • Изработена опцијата, која се повикува на копчето “Преглед на содржина (Ф3)”од финансово – аналитика, само за конта со синтетика ‘120’, ‘121’, ‘220’ или ‘221’. Зависно од типот на фактурата системот ќе побара таква во соодветниот модул, и ако не најде појавува порака, додека ако има таква фактура соодветно се прикажува содржината.
  • Во Финансово – Аналитика, направена опција со која поставките на гридот се вчитуваат (и снимаат ако се кликне на сними) за двете опции – приказ на комитенти и спецификација
  • Во финансово -> избор аналитика -> избор (за аналитички конта кога се отвара шифрарник на комитенти) во специјални опции додадена е нова опција Масовно печатење на аналитички картици за селектирани комитенти. Со клик на опцијата се појавува прозорче за да се одбере во кој фолдер да се снимат ПДФ фајловите. Откако ќе се одбере фолдерот се снимаат картиците за селектираните комитенти.
  • Изработена нова опција за автоматско затворање на нереализирани курсни разлики од денарско-девизни конта со интеграција на курсната листа од Народната банка на Република Македонија. За секоја трансакција која вклучува денарско-девизно конто, системот треба да пресмета разликата меѓу курсот на валутата на моментот на извршување на трансакцијата и актуелниот курс на таа валута. Нереализирана курсна разлика се јавува во случај кога курсот на валутата се менува во однос на моментот на првичната евиденција на трансакцијата.
    Опцијата се повикува од Налози-Содржина-Специјални опции. 
    Со клик на горенаведената опција се отвара нова форма во која треба да се внесе заклучно со кој датум се прави пресметката, конто за должи и конто за побарува, и исто така да се одбере од кое конто ќе се прави пресметка за нереализирани курсни разлики. Односно се земаат сумите (должи, побарува, девизно должи и девизно побарува) за девизните книжење кои имаат шифра на валута групирани по комитенти.
Материјално
  • Во материјално -> излез -> специјални опции -> масовно доделување на терк и налог се додадени две нови полиња за масовно доделување на продавница и магацин на селектирани калкулации. Доколку се одбере продавница или магацин истите ќе се запишат во селектираните калкулации.
  • Направена доработка во материјално излез во наплати има ново поле за внес на  број на извод.
  • Во материјално -> Излез -> Специјални опции ->Масовно креирање фактури по комитент има ново Поле за означување – Фактура по член 32А без ДДВ. Доколку е означено масовно  ќе се  креираат фактури без ДДВ.
  • Во формата за масовна наплата во материјално излез е додадено ново поле за број на извод.
  • Додаден е нов панел во сумарниот дел во книга на фактури повикана од материјално -> излез. На панелот се видливи полиња: Износ на фактура, Наплатено, Остаток, Неповрзан аванс и За наплата. 
  • Во материјално -> други извештаи -> извештаи е направен  извештај “По комитенти, со продажен износ по брендови”. При генерирање на извештајот потребно е да се одбере за кој магацин се генерира и за кој период. Во извештајот се генерираат сите брендови како колони и колона за назив на комитентот. Во колоните се запишуваат вкупните продажни износи по брендови од кои купувал комитентот. Извештајот може да се експортира во ексел. 
  • Во содржина на калкулација во материјално – излез е овозможен избор на подтипови на услуги (Тип2 и Тип3)
  • Во материјално -> излез -> печатење има нова опција Масовно печатење на селектирани калкулации. Со клик на опцијата се поставува прашање каде да се снимат калкулациите што ќе се печатат. Откако ќе се одбере фолдер започнува снимањето на калкулациите во ПДФ формат во фолдерот кој сме го одбрале.
  • При работа со параметри при внес на параметри од влезна или излезна калкулација додадени се  два нови податоци за количина по параметри и преостаната количина.
  • Во лагер листа по параметри  вклучен е  експорт во ексел, се појавува ново копче за експорт на прикажаната табела во ексел.
  • Додадена колона за бренд во лагер листа по магацини.
  • Додадена е можност во материјално-излез -Ф2 да може да филтрира по префикс на документ само со една буква (бројка, знак или низа од знаци букви) која не мора да биде на почеток на префиксот на документот.
  • Во материјално -> излез -> Филтер ф12 е додадена радио група со филтер за ненаплатени или наплатени калкулации. Радио групата има три опции Сите, Наплатени, Ненаплатени. Стандардно радио групата е позиционирана на Сите.
Производство
  • Направена нова опција во материјално – излез – специјални опции, за креирање на производна калкулација за зададен период, за избран дестинационен магацин. Опцијата креира производна калкулација во магацинот од каде се повикува, со дестинационен магацин според изборот, и со датум еднаков на почетниот датум од зададениот период. Ако не се избере почетен датум се зема ’01/01/тековна година’, а ако не се избере краен датум зема ’31/12/тековна година’. Во финални производи се сумирани сите излезени готови производи од дестинациониот магацин во избраниот период. Распоред на репроматеријали е автоматски извршен според предефинираните нормативи.
  • Додадена е можност на ниво на магацин да се дефинира начинот на повлекување на репроматеријали при производство – Недефиниран, зависен или независен. 
Шифрарници
  • Во шифрарник на производи -> специјални опции -> има нова опција “Масовно доделување групи на селектирани производи”. Со клик на опцијата се отвара панел каде што е потребно да се изберат групи на производи кои треба да се запишат во селектираните производи. Доколку не се избере ниту една група и се кликне Во Ред, ќе се пребришат групите на производите во селектираните производи.
  • Во шифрарник на комитенти при клик на опцијата за Особини-Додели услуга на комитент-Нов има ново Поле за означување –  Фактура по член 32А без ДДВ . Доколку е означено при креирање на фактура од материјално услуги(Специјални опции-Масовно креирање фактури по комитент) да се креира фактура без ДДВ.
  • Нова опција за дефинирање на Сетови на производи во Шифрарник на производи>Особини,  додадена е можноста за масовен внес и бришење на селектирани производи во сетот.
  • Додаден филтер за единечна мерка во шифрарник на производи. Се повикува од копчето П/Н/О/П/Б од табот за филтри – “Филтер по префикс”.
  • Во шифрарник на  продавници -> нов / промена има ново поле за избор на ОЕ на ниво на продавница. Доколку е сетирана ОЕ на ниво на продавница тогаш истата ОЕ се повлекува при креирање на нова калкулација во малопродажба -> калкулации.
  • Направена нова опција за филтрирање или селекција на производи од шифрарникот на производи. Опцијата се повикува со копчето Ф7 и овзможува филтрирање или селекција по повеќе параметри: Тип на производ (Трговска стока, Готов производ, репроматеријал), шифра, назив, помошна шифра, основна шифра, група на производ, параметарска група, бренд, добавувач, потекло, опсег на продажни цени, опсег на шифри. 
  • Поставено е копче за Преземање на курсна листа од НБРМ во шифрарник -> странски валути.
Малопродажба
  • Поставена е нова опција за префрлање на салда од малопродажба со префрлање на почетна состојба.
  • Во малопродажба -> други прегледи -> лагер листа за сите продавници се додадени колони за бренд, добавувач и ДДВ %, група 1, група 2, група 3, група 4, група 5.
  • Во комерцијални извештаи – малопродажба – издадени производи, додаден рекапитулар по даночни тарифи со збирен износ набавен, продажен и профит по тарифа.
  • Овозможена е опција за автоматско доделување на ОЕ при креирање на нова калкулација во малопродажба.
Каса
  • Поставено ново копче за брза фискална сметка со наплата со картичка.
  • Поставен нов филтер на производи во каса со интерфејс со touch. Филтерот се појавува со клик на копче Space. Филтерот функционира само за производи, не и за услуги или омилени производи. Доколку е избрана група се филтрираат производи само од таа група. Филтерот се ресетира со клик на копче Групи. 
  • Додадена е можност при доделување на генерален рабат за корисник да се дава рабат и на производите за кои веќе има доделено рабат во касата. 
Сетирања
  • Направено ново сетирање во Систем-Сетирања-Материјално-Содржина на излезни калкулации, има нов Поле за означување  – При внес на производ да не се прикажува порака дека нема доволно количина. 
    Доколку е означено нема да се покажува порака дека нема доволно количина во материјално-излез-содржина при внес на нов производ.
  • Направено ново сетирање во Систем-Сетирања-Материјално-Преглед на излезни калкулации Префикс за масовно фактурирање. Во ова поле се доадава префиксот за фактурите при масовно фактурирање.
    Опцијата работи за масовно фактурирање по комитенти од материјално излез и материјално услуги.
  • Во систем Сетирања > Каса> Општо е поставена нова паѓачка листа со избор за дифолтен сет на производи. Доколку нема избрано касата функционира како и до сега, доколку има се прикажуваат во касата при избор на производи само производите кои се дефинирани со тој сет на производи.
  • Направено ново сетирање во Систем> Каса> Општо> Попуст на сметка да доделува рабат и на производи кои веќе имаат рабат.
  • Во систем сетирања -> финансово има нови полиња за внес на конто на страна должи и побарува за пресметка на нереализирани курсни разлики.
Сервисни налози
  • Во материјално -> сервисни налози -> нов/промена е направено доколку се позиционираме на полето за работен налог со клик на ЕНТЕР да се изгенерира нов работен налог.

  • Додадено ново поле во табелата сервисни налози за да се запишува серискиот број внесен во сервисниот налог
  • Додадено е ново копче “Резервни делови” во материјално -> сервисни налози. Со клик на копчето, за позиционираниот сервисен налог во позадина се креира нова излезна калкулација за комитентот од сервисниот налог и се појавува формата за внес на ставки во калкулација. Додека пак со клик на промена или нов на сервисниот налог е додадено ново јазиче “Делови” каде што се гледаат кои делови се искористени во тој сервисен налог.
Станбено работење
  • Во шифрарник -> магацини -> нов / промена во табот Дополнителни податоци е додадена нова радио група во која има можност да се избере дали магацинот ќе биде станбено работење или не.
HELIX Mobile
  • Додадена е опција за лагер листа со позиции.
  • Додадена е опција за дефинирање на корисник кој ја презема калкулацијата во системот за верификација на калкулации.
  • Додадена е можност за работа со каталошки броеви за автоиндустрија.
  • Додадена е можност за увид на опис на калкулација од мобилен уред.
Плата
  • Додадени се опции за податоци за религија и националност во матични податоци за вработени.
  • Направена нова опција во Пресметка на плата> Извештај> Извештај со сите дефинирани ставки. Со клик на опцијата се креира ексел со податоци за вработените од позиционираниот месец, за дефинираните ставки за кои има часови има 2 колони за часови и износ, за оние само со износ има една колона за износ.
  • Додадено е  ново  поле за означување – “ПДФ” во ПДД-ГИ, , при што кога истото е означено, на копчето “Печати ГДП” автоматски се генерираат ПДФ документи (зависно од другите две полиња за означување за “збирно за еден” и “сите”) во предефиниран фолдер PDF-ETAX кој се генерира како подфолдер на ЗОНЕЛ фолдерот.
Човечки ресурси
  • Во модулот за човечки ресурси – казнени мерки, додадени се полиња за избор на тип на казна (со фиксен износ / според процент и период) и полиња за почетен и краен датум на периодот. Во пресметката, со “Префрли од ЧР” се генерираат казни согласно избраниот период и процентот од дефинираната ставка, во однос на основната нето плата.
Ресторанско работење
  • Направена нова опција во верзијата на каса со touch . Со клик на копчето за опис на производ да се појави ново копче за предефинирани описи од шифрарник на описи. Описите се внесуваат за производ. Со избор на опис од табелата се запишува автоматски описот без потврда заради побрзо работење.
  • Во Мониторингот во кујна е поставена колона за опис на производот.
Нови бесплатни опции:
  • Во урнекот на ИОС( Извод на отворени ставки) на печатење освен фирма, додадени се и  адреса и емаил на фирмата.