Компаниите кои имаат трговија со специјализирани производи мака мачат да го прилагодат своето работење со софтверските решенија на пазарот. Со овој проблем се соочуваат и компаниите кои имаат трговија со автоделови. Поради тоа, многу компании дел од работа ја работат рачно, на хартија или во excel. Сето тоа ја успорува работата и отвора можност за грешки. Одвојте време и прочитајте квалитетни информации за сосема поинакво решение. Решение прилагодено на Вашиот бизнис и Вашиот начин на работење.

Работа со каталошки броеви

Кај трговците со автоделови каталошките броеви се многу важни. Вашите клиенти немаат време да чекаат. Потребни се точни, централизирани и навремени податоци. Мачно е на еден систем да пребарувате каталошки броеви, па на друг систем да ги барате повторно производите за да направите фактура. Потребно Ви е решение кое го разбира Вашето работење. Го разбира Вашиот бизнис.

Како правилно да имплементирате систем со каталошки броеви кој е поврзан со материјалното и финансовото работење на Вашата компанија?

Како правилно да го водите Вашиот магацин?

Еден од најголемите пропусти во водењето на магацините се грешките во нарачките. Клучен сегмент е правилна анализа на продажбата и потрошувачката. Анализирањето е одлика на успешните луѓе! Правилното менаџирање со залихата е една од тајните за успешно менаџирање со магацинот. Потребно е комплетна систематизација на процесот, со што потребните сектори секогаш би имале информација за минимални и максимални количини.

Правилната документација на процесот при прием и складирање може да биде многу мачна доколку не ја поставите на здрави темели. Направете правилна класификација на производите. Неред во магацинот – неред во бизнисот! Направете правилен распоред по групи на производи, брендови…. Брзиот прием и складирање значи и залиха секогаш спремна за продажба! Вашиот магацин е и продавница! Зголемете ја продажбата сега! Шампионите работат мудро а не напорно!

Бонус совет: 5 правила кои треба да ги знаат сите трговски компании !!!

Синхронизација со Вашата веб продавница

Кризата поврзана со Ковид-19 не научи дека најголемиот дел од нашите купопродажни активности можеме да ги завршиме онлајн. И пред кризата, онлајн продажбата изминативе неколку години бележи брз раст, па многу експерти сметаат дека иднината на трговијата е во онлајн продажбата. Затоа, доколку сѐ уште немате направено дигитална стратегија за развој на Вашиот бизнис, можеби ова е најдобро време. Според истражувањата, неколку фактори се најважни за купувачите при избор од каде ќе купуваат онлајн:

  • Релевантна понуда каде ќе почувствуваат дека се грижите за нивните потреби
  • Прифатливи цени
  • Едноставен и сигурен начин на плаќањекаде ќе бидат сигурни за своите пари
  • Кампањи и акции со попусти
  • Лојална компанија каде ќе се почувствуваат дека се дел од голема заедница
  • Специјализирана продавница за одредени производи
  • Навремено ажурирање на цените
  • Добра комуникација и навремена информација за сите промени
  • Брза и ефикасна испорака

Од технички аспект при интегрирањето на онлајн продавницата, многу е Важно да имате беспрекорна врска со материјалното работење и поврзување со останатите физички магацини и продавници. И сето тоа да биде поврзано со финансовото работење, како не би направиле хаос во целокупното работење на компанијата. Повеќе информации околу софтверска интеграција на работењето можете да побарате тука.

Едно решение за сите Ваши предизвици

Нема потреба да работите на повеќе системи. Не Ви треба повеќе главоболки. Не ви треба стагнација. Вашиот бизнис во ново светло!