fbpx

Многу сопственици на мали бизниси сакаат проширување на својот бизнис и сакаат брзо да го сторат тоа. Но, ако брзате во развој без план, ризикувате да изгубите сè за што работевте толку напорно за да го изградите. Можете да ги видите примерите на компании, кои ангажирале премногу вработени и купиле премногу опрема пред да ги имаат потребните приходи или почетен капитал; таквите компании банкротираат за само неколку години.

За да избегнете слични грешки, обрнете внимание на овие пет совети за проширување и  како на вистински начин да расте Вашиот бизнис.

1. Развивајте култура на компанијата

Силна култура на компанијата е она што ќе го задржи вашиот тим заедно за време на експоненцијален раст. Ако не сте сигурни од каде да започнете, поставете си ги  себеси и на Вашиот тим следниве прашањата:

  • Зошто постои нашата компанија?
  • Зошто го правиме она што го правиме?
  • Во што верува нашата компанија?
  • Кои се нашите вредности?
  • Каде сакаме да оди нашата компанија, т.е. каква е визијата на нашата компанија?

Кога вработените се чувствуваат поврзани со вашата компанија, ќе има поголема веројатност да останат со компанијата и во несигурни времиња. Дополнително, силната компаниска култура всушност може да привлече нови клиенти во вашата деловна активност, затоа бидете конзистентни  и споделувајте ја насекаде, вклучувајќи ја вашата веб-страница, платформите за социјални медиуми, маркетинг-материјали, итн. Кога вашата целна публика може да ги види вредностите зад вашата компанија, тие можат да се поврзат со вашиот бизнис на подлабоко ниво.

2. Ангажирајте ги вистинските луѓе.

Фазата на регрутирање е клучна за успешно проширување на вашиот бизнис. Важно е да одвоите време и да ги пронајдете вистинските луѓе за работата. Направете го тоа и работите ќе одат помазно. Ангажирајте ги погрешните луѓе и целата ваша напорна работа ќе се сруши. За да ја избегнете оваа судбина, размислете за регрутирање на луѓе врз основа на нивните технички вештини и искуство. Исто така, треба да одредите дали тие ќе бидат соодветни за овој период на раст на компанијата. На пример, може да ги прашате кандидатите како тие гледаат на визијата на вашата компанија, за да видите дали тие добро ќе се вклопат во Вашиот тим. Работа во мали динамични компании не е за секого, затоа пронајдете вработени кои едвај чекаат да го прифатат предизвикот на компанија во развој.

проширување

3. Фокусирајте се на иновациите … на вистинските места.

Кога го развивате Вашиот мал бизнис, можеби ќе бидете во искушение да потрошите куп пари за подобрување на вашиот производ или создавање/нудење повеќе производи. Наместо тоа, фокусирајте се на иновациите во други области. Како еден пример, обидете се да воведете нова технологија, како разговор во живо на Вашата Веб страна, за да ја подобрите вашата услуга за клиентите. Иновирањето на тековните бизнис процеси троши помалку од вашите ресурси и клучно е во зголемувањето на Вашата базата на клиенти. Откако ќе постигнете поголема стабилност, тогаш можете да размислите за воведување нови производи или услуги.

4. Работете на препознавање на Вашиот бренд

Кога потрошувачот го гледа вашето лого, рекламна кампања, пакување на производи или слоган, сакате тие да можат да ја препознаат  Вашата компанија. Сето ова се сведува на градење на препознавање на брендот. Земете го за пример слоганот на Nike „Just do it“. Кога потрошувачите ќе ја слушнат таа фраза, тие веднаш знаат кој стои зад него. Вашиот мал бизнис можеби нема да може да го достигне нивото на препознавање на Nike, но сепак треба да работите за да станете добро познат бренд меѓу вашата целна публика. Лесен начин да го направите ова е да започнете почесто да ги користите социјалните медиуми. Колку повеќе пати потрошувачите ве гледаат на Интернет, толку полесно ќе ја препознаваат Вашата компанија.

5. Не заборавајте ги постојните клиенти.

Многу сопственици на мали бизниси премногу се фокусираат на добивање нови клиенти а не доволно на чување на оние што веќе ги имаат. Всушност, според статистичките податоци од трендовите за мал бизнис, само шест проценти од малите бизниси се фокусираат на задржување на клиентите. За да ги направите постојните клиенти да се чувствуваат ценети, размислете за креирање на анкета за задоволство што ви овозможува да добиете увид за тоа што сакаат вашите клиенти во моментот, што може да се подобри и што со нетрпение очекуваат од Вас во врска со вашата експанзија. Потоа можете да го користите овој фидбек за да ја подобрите вашата деловна активност и да го намалите незадоволството на постојните клиентите. На крајот на краиштата, клиенти кои се задоволни од вашиот бизнис има поголема веројатност дека ќе потрошат повеќе пари за нови производи или услуги од Вашата компанија и да Ве препорачаат на своето семејство и пријатели.

Бидете мудри!

Проширувањето на вашиот мал бизнис е возбудливо, сè додека не се занесувате. Ако го правите ова проширување мудро, ќе бидете во можност да останете доследни на вашите вредности, да ги задржите Вашите најважни вработени, да ги импресионирате вашите постојни клиенти и да привлечете нови. Овие правила се состојки на  рецептот за успешен бизнис.

Дознајте како можете да ги унапредите деловни процеси и при тоа двојно да го намалите потрошеното време! Квалитетот на бизнисот и животот зависи од тоа какви одлуки носете. Одберете елегантен начин на водење бизнис!

Закажете презентација уште денеска!