HELIX ERP ги евидентира вашите деловни податоци. Со вештачка интелигенција, тие стануваат основа за побрза анализа, подобро разбирање на резултатите и поинформирани одлуки.
Наместо да пребарувате табели и да споредувате бројки, поставете конкретно прашање.
Имате финансиски извештаи, податоци за залихите, аналитички картички и информации за продажбата. Но кога треба да донесете одлука, се појавуваат дополнителни прашања.
Гледате салда, промени и движења, но треба дополнително да анализирате за да ја разберете причината.
Подготовката на споредби и пребарувањето низ извештаи го одложуваат одговорот.
Невообичаени трошоци, промени во салдата или залихи што не се движат остануваат незабележани додека не предизвикаат проблем.
Еден извештај води до друг, а за целосната слика се потребни дополнителни проверки.
Дали податоците ви служат само за евиденција — или и за да откриете што треба да промените?
Недоволната анализа не значи дека немате податоци. Значи дека не секогаш можете навреме да ја искористите нивната вредност.
Вишокот залихи го врзува капиталот, а недостигот значи пропуштена продажба.
Промените во расходите и маржите бараат внимание пред да влијаат врз резултатите.
Вработените проверуваат податоци наместо да се посветат на нивното толкување.
Без навремени споредби и објаснувања, одлуките се потпираат на ограничен увид.
Замислете да можете директно да прашате што се променило, каде е проблемот и кои податоци треба дополнително да ги проверите.
Токму тука вештачката интелигенција ја менува улогата на извештаите.
HELIX AI е насока на развој на HELIX ERP во која вештачката интелигенција се користи за анализа на деловните податоци, препознавање обрасци и поддршка при донесување одлуки.
Што се променило во трошоците? Кои артикли имаат слаба продажба? Кои ставки бараат проверка?
Насочете ја анализата кон отстапувања, необични движења, трендови и потенцијални проблеми.
Побарајте објаснување на резултатите, споредба на периоди или предлог кои податоци да се проверат.
Целта не е AI да ја замени вашата процена, туку побрзо да стигнете до релевантните информации.
Изберете извештај, поставете прашање и добијте анализа што ги издвојува ставките кои бараат внимание.
Значајни салда и промени, необични состојби и приоритетни проверки.
Разбирање на движењата зад салдото.
Разлики меѓу влез и излез, односи на цени и невообичаени вредности.
Преглед на движењата на конкретен артикл.
AI анализа и на извештаите создадени според вашите потреби.
Закажете состанок и ќе ви покажеме AI анализа на ваши податоци.
Закажи состанокПовеќе од анализа на извештаи — интелигенција за секојдневното работење во HELIX ERP.
Препознава вишок и недостиг пред да настанат и помага при планирање на набавките.
Ги оценува артиклите според продажба, маржа и трендови.
Ја проценува ризичноста на секој коминтент според неговата историја и однесување.
Поставувајте прашања и добивајте насочени анализи на деловен јазик.
Приказот и резултатите зависат од извештајот и податоците достапни за анализа.
Наместо да слушате за технологијата, погледнете какви прашања можете да поставувате.
Вештачката интелигенција е најкорисна кога е поврзана со реалните деловни прашања, а не кога е само дополнителна технологија.
Анализата се насочува кон информациите што ги користите секојдневно во HELIX ERP.
Анализата се насочува според извештајот што го избирате и прашањето што го поставувате.
Дел од поширокиот пристап на ZONEL Software кон автоматизација, контрола и подобро користење на информациите.
Повеќе од 30 години искуство со деловни софтверски решенија и разбирање на деловните процеси.
Запознајте се со можностите на HELIX AI и дознајте како вештачката интелигенција може да помогне во анализата на вашите деловни податоци.
Направете бесплатна проценка и веднаш дознајте каде се наоѓате и што треба да подготвите.
Провери ја подготвеноста на твојата фирма за е-Фактура.