HELIX • Поддршка и одржување

Поддршка и одржување на Вашиот HELIX.

Услугата која ја добивате со одржувањето е гаранција дека Вашиот HELIX ќе функционира најдобро во секое време.

На оваа страница ќе најдете што точно опфаќа одржувањето и каква поддршка можете да очекувате, без разлика дали веќе го користите HELIX или допрва го запознавате.

Накратко
Корисничка поддршка Секој работен ден од 8 до 16 часот, неограничено, преку e-Support
Техничка поддршка 24/7, вклучително викенди и празници
Законски измени Сите навремено, со активен пакет за одржување
Нови верзии Според јасно дефиниран план за развој на HELIX
Што добивате со одржувањето

Поддршка која е повеќе од отстранување на проблеми.

Денес на пазарот постојат повеќе програми кои нудат различни решенија и дел од нив имаат навистина добри можности. Но ретко кој софтвер можете целосно да го искористите доколку немате квалитетна поддршка. Темелниот пристап и грижата е она што нè разликува од конкуренцијата. Еве што сè добивате со одржувањето:

Корисничка поддршка

Корисничката поддршка во Зонел Софтвер е во многу сегменти поразлична од конкуренцијата. Наместо класичен „call center“, добивате поддршка со економско и корпоративно познавање. Една работа е софтвер, а друга работа е како функционира секој бизнис посебно, а нема корист само да се отстрануваат проблемите во програмот ако тој не е прилагоден на Вашето работење.

Корисничката поддршка се надоврзува на процесот на имплементација и обуките и е гаранција дека HELIX ќе функционира според потребите на Вашиот бизнис.

Вклучена е неограничено, од 8 до 16 часот секој работен ден, преку системот за корисничка поддршка e-Support, кој е модерен, брз и ефикасен начин да добиете услуга.

Техничка поддршка 24/7

Клиентите на Вашата фирма во никој случај не би смееле да чекаат за да им издадете фискална сметка или фактура. Знаеме дека одредени бизниси (ресторани, продавници и слично) работат и за викенди, па дури и празници.

Техничката поддршка е создадена навреме да ги отстранува сите евентуални проблеми со програмот, на пример ако не стартува, при проблеми со конекција или со фискалниот апарат. Со други зборови, таа е тука за Вашиот HELIX да функционира најдобро во секое време.

Законски измени

Софтверски партнер кој нема план како да реагира на законските измени не е од голема корист. Знаеме дека секоја законска измена е стресна, особено ако сте сметководител. Затоа, пред повеќе години, за прв пат во Македонија одлучивме на законските измени да одговориме систематски.

Без разлика дали во текот на една година има три, четири или повеќе законски измени, со активниот пакет ги добивате сите навремено.

Погледнете ги законските измени →

Надградба на нови верзии

Покрај законските измени, имаме јасно дефиниран план за развој на HELIX. Бизнисот е жива материја, особено денес кога технолошкиот и индустрискиот развој е на повисоко ниво од било кога. Планот за развој е гаранција дека ќе бидете во тек со сите бизнис трендови, а секоја нова верзија носи нови можности.

Вашиот бизнис понекогаш има потреба и од специјални доработки. Секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет на барањата на клиентите, а доработките за кои сметаме дека се корисни за поголем дел од компаниите ги вградуваме и во официјалната верзија.

Прочитајте за сите програмски верзии на HELIX →

Сервисни интервенции

Без разлика дали станува збор за корисничка грешка, инсталација или преинсталација, проблеми со интернет, прекин на конекцијата со базата или вируси, сервисните интервенции понекогаш се неопходни за програмот да функционира во ред.

На пример, ако е потребно бришење на парагони од каса, по пријавувањето на проблемот во корисничката поддршка, секторот за техничка поддршка веднаш работи на детектирање и решавање на проблемот.

Пријатели

Без разлика на околностите и на ситуацијата, сакаме да бидете сигурни дека целиот наш капацитет, знаење и ресурси ги вложуваме во функција на Вашиот бизнис. Остануваме посветени на македонските компании и нивниот развој.

Деловната соработка и пријателството со клиентите е причина зошто повеќе од 30 години постои Вашиот ЗОНЕЛ Софтвер.

Прочитајте повеќе

Повеќе информации за HELIX и неговиот развој.

Ако сакате подетално да се запознаете со HELIX, програмските пакети, верзиите и законските измени, овие страници се добар почеток. За прашања поврзани со поддршката, слободно контактирајте не.