Резервации, соби, гости и наплата — поврзани во едно решение направено за хотели и угостителски објекти. Помалку рачна работа, повеќе контрола и подобра услуга за вашите гости.
Резервации од различни канали, промени во расположливоста на собите, пријави и одјави, сметки од дополнителни услуги — кога сè се внесува рачно во повеќе системи, секој чекор носи можност за грешка.
Една погрешно внесена резервација. Една соба која не е навреме ажурирана. Една непотребна телефонска комуникација со рецепција. Кога ваквите ситуации се повторуваат секој ден, последиците не се само административни — тие влијаат на времето на вработените, брзината на услугата, задоволството на гостите и контролата врз приходите.
Со HELIX-H, резервацијата, собата, гостинот и сметката се дел од ист процес. Информациите патуваат сами до вистинското место — без непотребно повторно внесување.
Централизирано водење на хотелското работење, од првиот контакт со гостинот до неговата последна сметка.
Преглед на слободни и зафатени соби, групни резервации и агенциски бронирања.
Евиденција на гости, следење на престојот и целосна историја на секој гостин.
Различни типови, погледи и ценовници според сезона, услуга или тип на престој.
Готовина, картички, девизни фактури и печатење на повеќе јазици.
Услуги, попусти и дополнителна потрошувачка се задолжуваат директно на собата.
Извештаи за пријавени гости, зафатеност и приходи за избран временски период.
Информациите за резервациите и расположливоста се пренесуваат автоматски помеѓу системите — без рачно внесување и усогласување.
Секој дел од тимот има свој начин на работа со HELIX-H, прилагоден на неговата секојдневна работа.
Резервации, соби, гости и сметки на едно место.
Статус на соби и потреба од одржување во реално време.
Нарачки кои директно се задолжуваат на собата.
Целосна слика за работењето, каде и да се наоѓа.
Графички извештаи и аналитика за целосна слика на хотелското работење.
Едноставно и брзо управување со рецепција и соби.
Поврзано сместување, ресторан и наплата на едно место.
Поврзување на повеќе услуги во единствен систем.
Не започнувајте со промена на софтверот. Започнете со анализа на начинот на кој денес работи вашиот хотел — ние ќе ви покажеме каде се создаваат непотребни чекори.
Направете бесплатна проценка и веднаш дознајте каде се наоѓате и што треба да подготвите.
Провери ја подготвеноста на твојата фирма за е-Фактура.