Решение за малопродажба

Контрола на целата продавница, не само на касата.

Набавка, залиха, цени, продажба, попусти, попис и анализа — сè поврзано во едно решение. Помалку рачна работа, повеќе контрола и појасна слика за секојдневното работење.

Набавка Залиха Цени Продажба Попусти Попис Маржа Анализа
HELIX-P • Контрола на продавница
Системот работи
Продажба Денес
Залиха Контролирана
Маржа Анализа
Набавка Потреби
БАРКОД БРЗА ПРОДАЖБА
01 • Контрола

ИМАТЕ ПРОДАВНИЦА.
НО ДАЛИ ИМАТЕ КОНТРОЛА?

„Колку продадовме?“ е лесно прашање. Потешките прашања се оние што носат одлука.

01

Кои производи навистина ви носат добивка?

Не само по промет, туку и според реалната маржа и движењето на производот.

02

Кои производи ви стојат?

Залихата не е добра само затоа што е на лагер. Важно е колку брзо и економски се движи.

03

Каде имате кусок или отстапување?

Пописот треба да открие каде има разлика, а не само да биде административна обврска.

04

Што треба да набавите?

Набавката треба да се темели на движењето на производите, а не само на чувство.

05

Која продавница работи најдобро?

Кога имате повеќе продажни места, споредбата станува клучна за управувањето.

06

Колкава е реалната маржа?

Прометот може да расте, а заработката да не расте со него.

02 • Од каса до управување

НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА Е ДА ЈА ГЛЕДАТЕ ПРОДАВНИЦАТА САМО ПРЕКУ КАСАТА.

Касата ви кажува што е продадено. Тоа е важно. Но не е доволно за управување со целата продавница.

Вистинската вредност доаѓа кога продажбата, залихата, набавката, цените и маржата се гледаат како една целина.

01
Што е продадено? Продажба и промет
02
Што не се продава? Движење и залиха
03
Што треба да набавиме? Потреби и набавка
04
Каде ја губиме маржата? Цени, акции и попусти
05
Што треба да направиме? Анализа и одлука
03 • Следење на производот

ЕДЕН ПРОИЗВОД.
ЦЕЛА ПРИКАЗНА.

Не гледајте само дека денес е продаден. Следете го неговото движење од набавката до резултатот.

01

Набавка

Од кој добавувач и кога е набавен?

02

Набавна цена

По која цена е набавен производот?

03

Залиха

Како се движела состојбата низ периодот?

04

Продажба

Кога и по која цена е продаден?

05

Цена

Како се менувала продажната цена?

06

Разлика

Каква е разликата меѓу набавната и продажната цена?

07

Движење

Како се движел производот во текот на периодот?

08

Резултат

Колку навистина заработивте од него?

04 • Залиха

ПРОБЛЕМОТ СО ЗАЛИХАТА НЕ Е САМО „КОЛКУ ИМАМЕ“.

Еден производ се продава секој ден. Друг стои со месеци. Трет исчезнува од полицата побрзо отколку што успевате да го набавите.

Сите се залиха. Но економски не значат исто.

Затоа вистинското прашање не е само: „Колку имаме?“

Туку: „Дали имаме доволно од вистинските производи?“

Брза залиха Производи со често движење
Застарена залиха Производи што долго стојат
Критична залиха Производи што треба да се набават
Отстапувања Разлики што бараат проверка
Цени Контрола на промени и нивелации
Акции Попусти и продажни активности
HELIX-P • Продажба Каса 01
Производ 001 240 ден.
Производ 002 185 ден.
Производ 003 320 ден.
Производ 004 150 ден.
ВКУПНО 895 ден.
05 • Продажно место

СИСТЕМОТ ТРЕБА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ КОМПЛЕКСНОСТА.

А на продавачот да му остави брза и едноставна работа.

HELIX-P овозможува работа со баркод читач, брзо пребарување на производи и едноставно издавање документи.

Продавачот не треба да биде магационер, аналитичар и сметководител. Системот треба да ја поврзе работата зад сцената.

06 • HELIX-P

ОД КАСА ДО КОМПЛЕТНА КОНТРОЛА.

Малопродажното работење не е еден документ. Затоа и решението треба да ги поврзе процесите.

01

Продажба

Брзо и едноставно издавање документи и следење на прометот.

02

Залиха

Следење на количини и движење на производите.

03

Набавка

Подобра контрола на потребите и состојбата на залихата.

04

Цени

Нивелации, промени на цени и ценовна контрола.

05

Акции и попусти

Управување со продажни активности и услови за продажба.

06

Попис

Подобра контрола на отстапувањата и помалку рачна работа.

07

Лојалност

Поддршка за градење долгорочен однос со купувачите.

08

Анализа

Продажба, производи, продавници и вработени на едно место.

07 • Различни бизниси

ЕДНО РЕШЕНИЕ.
РАЗЛИЧНИ ПРОДАВНИЦИ.

Различен асортиман. Различни правила. Но иста потреба: брза продажба и контрола на целото работење.

Маркети

Голем број производи, брза продажба, залиха, акции и попусти.

Бутици

Варијанти, бои, големини и атрибути на производите.

Книжари

Голем асортиман, брзо пребарување и следење на движењето.

Пекари

Брза продажба и едноставна работа на продажното место.

Авто-делови

Голем број артикли и потреба од брзо и прецизно пронаоѓање.

Специјализирани продавници

Козметика, играчки, спорт, мебел и други малопродажни дејности.

08 • iHELIX

НЕ САМО ДА ЗНАЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО. ТУКУ ПОЛЕСНО ДА ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКА.

Кога податоците од продажбата, залихата, набавката и работењето се поврзани, тие можат да станат основа за подобро управување.

Со iHELIX, информациите од системот може да се користат и за поставување прашања на поприроден начин и полесно разбирање на состојбите во работењето.

„Кои производи имаат најслабо движење во последниот период?“
Податоците од работењето се основа за анализа на движењето на производите и донесување одлуки.
Продажба Залиха Маржа Движење Анализа
09 • За менаџментот

ОД „ШТО СЕ СЛУЧИ?“ ДО
„ШТО ДА НАПРАВИМЕ?“

Добар систем не треба само да создава извештаи. Треба да ви помогне да ја разберете ситуацијата и да донесете подобра одлука.

Каде заработуваме најмногу?
Каде губиме?
Што треба да набавиме?
Што треба да престанеме да набавуваме?
Која акција функционира?
Која продавница има најдобри резултати?
Каде има отстапувања?
Што треба да направиме утре поинаку?
10 • ZONEL Software

РЕШЕНИЕ КОЕ РАСТЕ СО ВАШИОТ БИЗНИС.

HELIX не е изолиран касов систем. Тој е дел од пошироко ERP решение кое ги поврзува процесите во компанијата.

30+ години развој и искуство
2.300+ компании кои му веруваат на ZONEL
10.000+ корисници на HELIX
HELIX-P • Малопродажба

МОЖЕБИ НЕ ВИ ТРЕБА „ПОДОБРА КАСА“. МОЖЕБИ ВИ ТРЕБА КОНТРОЛА НА ЦЕЛАТА ПРОДАВНИЦА.

Од продавање → управување. Од евиденција → контрола. Од податоци → подобри одлуки.