HELIX · Ресторанско работење
Од моментот кога гостинот го отвора менито до моментот кога ја плаќа сметката, поминуваат десетина чекори. Секој од нив може да биде побрз, попрецизен и подобро поврзан.
Каде денес се губи време
Келнерот запишува нарачка на ливче, потоа оди до компјутерот со каса (POS) и ја внесува повторно. Кујната ја чека. Некој заборава прилог. Некоја ставка е погрешно внесена. Гостинот чека, а келнерот повторно оди до масата.
Мобилен келнер
Со мобилен уред, келнерот ја внесува нарачката директно пред гостинот. Нема ливче, нема повторно внесување, нема враќање до компјутерот со каса.
QR мени
Гостинот го скенира QR кодот на масата, го отвора менито на телефонот, избира што сака и ја испраќа нарачката — без чекање келнер само за да ја прими.
Особено практично за ресторани, кафулиња, тераси, барови и објекти со голема фреквенција на гости. Келнерот и понатаму останува дел од услугата, но не мора секоја информација да поминува низ него.
Кујна
Нарачката од келнерот или од гостинот се проследува директно кон системот за работа во кујната. Персоналот добива јасен преглед: што треба да се подготви, од која маса, кога е примена, што е во подготовка и што е завршено.
Нема изгубени ливчиња. Нема довикување од келнерите. Нема непотребни телефонски разговори.
Залиха и набавка
Секое продадено јадење значи потрошени производи. Затоа ресторанското работење мора да биде поврзано и со залихите — што е продадено, колку е продадено, кои производи најмногу се трошат, каде се појавува разлика и што треба повторно да се набави.
Еден процес, еден систем
Кој што добива
Неговата работа е да се грижи за гостинот — не да трча до касата, да носи ливчиња или да пренесува информации што системот може сам да ги пренесе.
Внесува нарачка директно од масата.
Сам го разгледува менито и нарачува преку QR код.
Ги следи нарачките преку посебна апликација.
Го следи работењето преку извештаи и анализа.
Добива подобра контрола врз целиот ресторан.
Видете го во дејство




Пред да купите софтвер
„Каде денес губиме време и пари во ресторанот?“
Запознајте го HELIX за ресторанско работење — од QR менито и мобилниот келнер, преку кујната и нарачките, до наплатата, залихите и менаџерската анализа.